
CRYSTAL CENTRO
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во Кунду, 14 km од центарот на Анталија и 12 km од аеродромот.
Сместување
Вкупно 400 соби.
Стандардни соби (28 m², една спална, едно купатило, макс. 2 лица).
Јуниор апартмани (35 m²; една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа и кревет на расклопување, собите се одвоени со врата, едно купатилото, макс. 2+2 лица, сите се со поглед копно)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, бесплатна Wi-Fi интернет конекција и балкон.
Услуга
Ultimate Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, ресторани за ужинки - храна и пијалаци 24 часа, детска и диететска исхрана, безглутеински леб, веганско мени, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, ресторан на плажа со ужина, Beer garden, À la Сarte ресторани (турски и италијански) со претходна резервација и само еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, специјални вина и шампањ, сите флаширани пијалаци, наргиле, услуга во соба, спакуван оброк, сите вина, шампањ и специјални пијалаци во À la Сarte рестораните (освен трпезно вино), морска храна во À la Сarte рестораните.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса за појадок, ручек, вечера, À la Carte ресторани: турски, рибен, италијански, барови низ хотелскиот комплекс, ресторани со ужина, Beer Garden.
Не се вклучени: Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, изнајмување кола, телефон, факс, салон за убавина, фризер, продавници.
Бесплатен Wi-Fi интернет.
Плажа
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат.
Павилјоните се со резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, базен со бранови, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, кошарка, терен за мал фудбал, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг, пикадо.
Не се вклучени: SPA & Wellness центар, часови по тенис, осветлување на тениски терени, билијард, спортови на вода, школа за нуркање дополнително.
Забавни програми за деца и возрасни во текот на денот и шоу програми навечер. Crispy Children’s World за деца од 00-16 години, поделени по групи со дневни и вечерни програми, детско игралиште, мини кино, вечерно мини диско.
Хотелот е реновиран во 2019 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Yaşar Sobutay Bulv No:52, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps