
CORENDON PLAYA KEMER
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 40 km од аеродромот во Анталија и 10 km од Кемер.
Сместување
Вкупно 360 соби во два блока и Анекс зграда (без лифт).
Standard rooms (24 -27 m², една спална соба и едно купатило, со балкон, макс.2+1 лица).
Superior rooms (30 m², лоцирани во анекс зградата, една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет + една софа, едно купатило, балкон, макс. 3+1 лица).
Family rooms (32-40 m², лоцирани во анекс зградата, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, со француски балкон, макс.4 лица) и 3 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, сплит систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се дополнува секој ден), машина за кафе со капсули и колачиња кои се дополнуваат на секој втор ден, сеф, Wi-Fi интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24-часовна услуга со храна и пијалаци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне закуски, чај, кафе, вечера, закуски доцна навечер, ран појадок, диететско катче, вегетаријанско и детско бифе во главниот ресторан за време на ручек и вечера. 24 часовна услуга во Food Court, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, свежо цеден сок од портокал само за појадок, сладолед во одредени часови, пијалаци во Диско клуб до 02:00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на мени листата, премиум увозни пијалаци, локални и увозни специјални вина, флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, Fine Dinning À la Carte ресторани – Bona Fides – интернационална кујна, Pier À la Carte ресторан со морска храна, лоби бар, барови покрај базен и на плажа.
Доктор, чување деца, перење алишта, изнајмување кола, фризер, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI интернетот е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Приватна плажа на хотелот со камчиња и платформа. Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, а крпи за плажа се со депозит. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, три тобогани, турска бања, сауна, парна соба, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар, билијард, школа за нуркање.
Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, Мини клуб за деца од 4 – 12 години со разновидни програми во текот на денот и навечер мини Диско, игралиште.
Хотелот е реновиран во зима 2019/2020 година – собите и рецепцијата / 2021 – плажата, платформата, павилјоните и À la Carte рестораните.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Beldibi, Başkomutan Atatürk Caddesi No:195/1, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps