
CLUB NENA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кизилач, на 80 km од аеродромот во Анталија и на 12 km од Манавгат и Сиде.
Сместување
Вкупно 586 соби во главната зграда и клуб соби.
Standard Rooms (28-30 m², една спална со француски кревет или два единечни кревети + еден единечен кревет, купатило, макс.2+1 лице).
Large rooms (32 m², поголема соба со француски кревет + два единечни кревети одвоени со параван, купатило, макс. 3+1 лице).
Family rooms (38 m², две спални одвоени со врата, купатило, макс.2+2 лица).
7 соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секојдневно), сеф (со доплата), Wi-Fi интернет, сателитска ТВ, плочки или ламинат на подот, балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладне закуски, полноќни закуски, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе, чај, сладолед во одредено време од денот. Бар на плажа од 10:00 до 18:00.
Со доплата се сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пијалаци во Диско клубот, пијалаци од 24:00-10:00, пијалаци во шише, наргиле, пијалаци во Pier барот, À la carte ресторан со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, бар со закуски покрај базен и на плажа, À la carte ресторани (рибен, турски, италијански), барови низ хотелскиот комплекс.
Доктор, перење алишта, чување деца, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата.
Wi-Fi интернет е бесплатен насекаде во хотелот.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, релакс базен само за возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа, тениски терен, кошарка и мини фудбал се бесплатни.
Со доплата се масажи, СПА центар, осветлување за тениските терени, билијард, спортови на вода.
Забавни програми со специјален тим во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца 4-12 год, детско игралиште, анимации, Мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Turizm Merkezi, Kızılağaç, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps