Прескокни кон содржината
CLUB MERMAID VILLAGE
Повлечи за повеќе слики

CLUB MERMAID VILLAGE

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Турклер на 16 km од Аланија и 110 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 212 соби во 5 блока.
Стандардни соби (28 m², спална соба со француски кревет и софа, купатило, макс. 3+1 лица).
Фамилијарни соби (50 m², спална соба одвоена со врата од дневна соба, купатило, макс. 4 лица).
Фaмилјарни дуплекс соби (50 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се опремени со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (обична и минерална вода само при пристигнување), сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, керамички под и балкон.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневни закуски, вечера. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци се бесплатни од 10:00 – 23:00 часот, сладолед во одредени часови, закуски на плажа од 10:00 -17:00 со брза храна, безалкохолни пијалаци.
Со доплата: увозни пијалаци, флаширани пијалаци, услуга во соба, свежо цедени сокови, турско кафе, сите видови коктели, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, сите јадења и пијалаци после 23:00 часот.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со турска кујна, барови покрај базен и плажа.
Со доплата: Доктор, фризер, продавници, телефон и факс, интернет кафе, изнајмување кола, чување деца, перална.
WI – FI интернет конекција е со доплата.

Плажа

Приватна хотелска плажа со песок и камчиња 600 m од хотелот.
Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, а крпи за на плажа се со доплата.
Има бесплатен превоз до плажа на секои 45 мин, 6 пати дневно.
Има подземен тунел кој води до плажата.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, 4 тобогани, фитнес центар, турска бања, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа.
Се доплаќа: сауна, парна соба, масажи, спортови на вода, осветлување на тениските терени и опрема, билјард.
Забвни програми во текот на денот, натпревари покрај базен, шоу програми навечер. Мини клуб за деца 4-12 год., детско игралиште, мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2020 година

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Türkler, Cumhuriyet Cd., 07100 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps