
CLUB KASTALIA HOLIDAY VILLAGE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Конакли, на 12 km од центарот на Аланија и на 113 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 416 соби во 2 згради и клубски дел.
Клуб економски соби (16 m², се наоѓаат во бунгалови, на приземје, без балкон, со една спална соба со фрацуски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс.2 лица).
Клуб стандардни соби (16 m², се наоѓаат во бунгаловите, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, балкон или тераса, макс.2 лица).
Клуб фамилијарни соби (30 m², се наоѓаат во бунгалови, една соба со француски кревет, друга соба со два единечни кревети, поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Супериор соби (30 m², се наоѓаат во главната зграда, една спална соба со фрацуски и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Супериор фамилијарни соби (48 m², во главна зграда, една соба со фрацуски кревет и друга соба со два единечни кревети, поврзни со врата, едно купатило, макс. 4 лица)
5 соби за лица со попреченост
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, централна клима во супериор собите и сплит клима во клубските соби, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безакохолни пијалаци секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички под, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, чај, кафе и колачи во утринските и попладневните часови, ноќни закуски до 07.00 часот наутро, сладолед во одредени часови во денот, сите локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци 10.00-24.00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, пијалаци на плажа, Витамин бар и во ноќниот клуб. À la carte ресторан со претходна резервација еднаш во текот на престојот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан, лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа.
Не е вклучено: Доктор (на барање), чување деца, перење алишта, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола, компјутерски игри.
Wi-Fi интернет е со доплата.
Плажа
Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, тениски игралишта и осветлување на истите, центар за убавина, сауна, масажи, билјард.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, навечер мини диско
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Konaklı Mahallesi konaklı mahallesi no:64, 07490 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps