
CASA FORA BEACH RESORT HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Кизилот, на 28 km до Манавгат и 85 km од Анталија аеродромот.
Сместување
Вкупно 350 соби.
Стандардни соби (25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Голема соба (33 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Јуниор апартман (42 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
три соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат сопствено купатило со када, туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (вода и сокови на пристигнување), сет за чај и кафе, сеф (со доплата), под од паркет, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - од 10:00 – 00:00 часот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, чај, кафе, вечера, доцна закуска, сите алкохолни и безалкохолни пијалаци до 02:00 часот, закуски на плажа од 11:00 – 18:00 часот, À la carte ресторан со претходна резервација еднаш во текот на престојот и само во еден од нив.
Не е вклучено: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сите пијалаци од шише и лименка, турско кафе, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, À la carte ресторани Ottoman - турски, Poseidon - морски, Mia Casa – медитеранска кујна, барови низ хотелскиот комплекс.
Доктор, телефон, факс, чување деца, фризер, продавници се доплаќаат.
Wi- FI интернет конекција во цел хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска песочна плажа, има тунел под патот кој го поврзува хотелот со плажата.
Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк на плажа со 11 тобогани за возрасни и деца, фитнес центар, сауна, турска бања, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, тениски терени.
Со доплата: спортови на вода, масажа, центар за убавина, осветлување за тениските терени.
Забавна програма во текот на денот, натпреварувања, шоу програми навечер. Мини клуб за деца со игротека, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Çenger, No:178, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps