
BLUE MARLIN DELUXE SPA & RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Конакли на 14 km од центарот на Аланија и 110 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 155 соби.
Deluxe rooms (26 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс.2+1 дете).
Deluxe rooms no balcony / Economy rooms (24 m², една соба со два единечни кревети или еден француски кревет, едно купатило, француски балкон, макс. 2 лица).
Deluxe Family rooms (50 m², една спална со француски кревет + една соба со 2 или 3 единечни кревети, одвоени со врата, едно купатило, макс.4+1 дете).
Deluxe suit room (52 m², една спална соба со француски кревет и една дневна соба одвоени со врата и со два единечни кревета, едно купатило, макс.3 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво при пристигнување, потоа се дополнува секој ден само вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне торта, кафе, чај, ноќни закуски, диететско и вегетаријанско бифе за време на ручек и вечера (на барање) во главниот ресторан.
Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24.00 часот, сладолед во одредено време, Marlo Beach бар за закуски на плажа од 10.00-17.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци кои што не се вклучени во концептот, премиум пијалаци, специјални вина, пијалаци во шише и лименка, свежо цедени сокови, À la carte ресторан, собна услуга се со доплата.
Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани, барови во хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, продавници, изнајмување кола се со доплата.
Интернетот е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња на 100 m од хотелот. Чадори за сонце, лежалки и крпи се бесплатни.
Приватни павилјони на платформата се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни и ватрешни базени за возрасни и деца, тобогани, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес, турска бања, сауна, парна соба, солена соба се бесплатни.
Со доплата се: масажи, спортови на вода, СПА и велнес центар, центар за нуркање, билијард и игротека.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-11 години, детско игралиште, мини кино и мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2022 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Konaklı, Yelken Sokak No:4, 07491 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps