Прескокни кон содржината
BAYOU VILLAS LARA
Повлечи за повеќе слики

BAYOU VILLAS LARA

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Лара на 10 km од аеродромот во Анталија и 12 km од центарот на градот. Вилите се лоцирани во градината на Lara Barut Collection хотелот.

Сместување

Вкупно 24 приватни вили.
Bayou Villa one bedroom (109 m², една спална соба, една дневна соба, две купатила, приватна градина со површина од 137 m² со загреан базен од 25 m² со морска вода, тераса со гарнитура за седење, трпезариска маса, лежалки, вилата е отворена кон лагуна базенот со свежа вода, макс.3 лица).
Bayou Villa with two bedrooms (314 m², вилата е на 3 ката, една дневна соба, две спални соби на првиот кат, на вториот кат билијард маса, сала за вежбање, соба за масажа, сауна, турска бања, парна бања во подрумот. Приватна градина 188 m², приватен базен од 20 m² со морска вода, голема тераса со гарнитура за седење, трпезариска маса, лежалки, вилата е отворена кон лагуна базенот со свежа вода, макс.4 лица).
Bayou Villa with three bedrooms (427 m², вилата е на 3 ката, на првиот кат има една дневна соба, кујна, една спална соба со купатило, другите две спални и две купатила се на вториот кат, билијард маса, сала за вежбање, соба за масажа, турска бања, парна бања во подрумот, приватна градина 266 m², приватен базен од 37 m² со морска вода, голема тераса со гарнитура за седење, терпезариска маса, лежалки, вилата е отворена кон лагуна базенот со свежа вода, макс.6 лица).
Bayou Villa with four bedrooms (579 m², вилата е на 3 ката, на првиот кат има една дневна соба со пијано, кујна, една спална со купатило, лифт, три спални соби со купатила на вториот кат, билијард маса, сала за вежбање, соба за масажа, турска бања, парна бања во подрумот. Приватна градина 404 m², приватен базен од 51 m² со морска вода, голема тераса со гарнитура за седење, трпезариска маса, лежалки, вилата е отворена кон лагуна базенот со свежа вода, макс.8 лица).
За овие типови на соби има персонален асистент, интернет конекција, бесплатна услуга за перење алишта (мин.престој од 7 ноќи), приоритет во À la Carte рестораните, користење Weik Villa À la Carte ресторан, павилјони на плажа, услуга во соба (од менито) е вклучено во цената.
Исто така, гостите од овие вили може да ги користат содржините на Lara Barut Collection хотелот.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќи закуски. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (не е дозволен влез на деца под 12 години во À la Carte рестораните Akdeniz и Tirmis), мини бар во соба (вода, безалкохолни пијалаци, пиво се дополнуваат секој ден), веганска храна и безглутенска храна за време на главните оброци.
Во концептот на хотелот не се вклучени: увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, наргиле, услуга во соба и јастог во À la Carte рестораните.

Содржини

Divan главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани - Kuyu Turk (турска кујна), Mangal BBQ - ресторан, Turunc (интернационална кујна), Sandal - рибен ресторан, Akdeniz (медитеранска кујна, само за возрасни), Tirmis Regional ресторан само за возрасни, Pizzeria Di Laura (италијанска кујна), Iro - суши бар, слаткарница, лоби бар, бар на плажа, места каде што се служат  закуски, ноќен клуб.
Доктор, чување деца, перење алишта, хемиско чистење, телефон, факс, фризер, изнајмување кола, продавници се со доплата. Wi-Fi конекција во хотелот и собите е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа не се наплаќаат.

Спорт и забава

Надворешен базен, еден полуолимписки базен, еден внатрешен базен со свежа вода и еден внатрешен базен со морска вода, детски базен, 5 тобогана, фитнес ценатар, сауна, турска бања, три тениски игралишта, одбојка на плажа, едно игралиште за кошарка, мини фудбал и ракомет, пинг понг, тенис, тертана, мини голф, стрелаштво, и терен за сквош.
Билијард, изнајмување ДВД, масажа, СПА центар и центар за убавина, спортови на вода се со доплата.
Забавни програми во текот на денот и натпревари, во вечерните часови шоу програми, музика во живо. За деца мини клуб од 4 до 12 години со специјални програми во текот на целиот ден и мини диско во вечерните часови. Специјален Bary Star концепт за бебиња од 00-2,99 год, бебешки телефон, бебешка кола, простирка за бебе, шампон, лосион – сето ова достапно на барање без доплата.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Güzeloba, VV44+J6, 07230 Muratpaşa/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps