Прескокни кон содржината
BARUT GOIA
Повлечи за повеќе слики

BARUT GOIA

СидеBed & Breakfast Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Евренсеки, 60 km од аеродромот во Анталија и 2,7 km до центарот на Сиде.

Сместување

Вкупно 300 соби.
Deluxe Suit (40 m²+ 11 m² балкон, една спална соба со француски кревет + дневна соба со две софи, кујна, едно купатило, макс.2+2 деца).
Deluxe Suit sea view (40 m²+ 11 m² балкон, една спална соба со француски кревет+ дневна соба со две софа кревети, кујна едно купатило, макс 2+2 деца).
Two bedroom Deluxe Suit (46 m²+11 m² балкон, една спална со француски кревет и една со кревети на спрат или два единечни кревети, дневна соба со две софи, кујна, едно купатило, макс. 4+2 деца).
Deluxe Suit with Poolside Terrace (40 m² + 14 m² тераса, лоциран на приземје покрај базенот, една спална соба со француски кревет + една дневна со две софи, кујна, едно купатило, макс 2+2 деца).
Deluxe Suit Swim up adult only +12 (40 m² + 40 m² тераса, лоцирана на приземје покрај базенот, една спална соба со француски кревет + дневна соба со софа, кујна, едно купатило, макс. 3 возрасни).
Deluxe Suit with Relax garden terrace (40 m²+ 40 m² тераса, собите се лоцирани на приземје, една спална соба со француски кревет + дневна соба со две софи, кујна едно купатило, макс 2+2 деца).
Penthouse Suit with Jacuzzi direct sea and Ancient theatre view (40 m² + 30 m² тераса, лоцирано на најгорните катови од хотелот, дозволено е престој на деца над 9 год., една спална соба со француски кревет + една дневна соба со две софи, кујна, џакузи на терасата, едно купатило, макс 2+2деца).
Two Bedroom Penthouse Suit with Jacuzzi direct sea and Ancient theatre view (40 m²+ 30 m² тераса, лоцирани на најгорните катови од хотелот, дозволен е влез за деца над 9 години, две спални соби, една соба со француски кревет, другата соба со кревети на спрат, една дневна соба со две софи, кујна, џакузи на терасата, една кујна, макс 4+1 дете).
Сите соби имаат балкон или тераса, сопствено купатило со туш кабина и фен, бањарки, влечки, клима уред, телефон, паркет, сеф, микробранова, фрижидер, сетови за чај и кафе, segafredo кафе машина, сателитска Тв со музички канали, Wi-Fi интернет.

Услуга

Појадок / Полупансион / Ултра Сѐ Вклучено
Гостите користат концепт според тоа што имаат резервирано. Ултра Сѐ Вклучено - на база шведска маса, појадок, доцен појадок, ручек, ужинки во текот на денот, торти и колачи, вечера, доцни закуски во текот на вечерта и рано наутро до 07:00. Бар на плажа со закуски од 10:00 – 18:00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци, свежи цедени сокови, сладолед, услуга во соба.
За гостите кои се на база ноќевање со појадок или полупансион, храната и пијалаците се со доплата.

Содржини

Главен ресторан – шведска маса Fely À la carte ресторан и Olea кујна, барови покрај базен, на плажата. Доктор, чување на деца , фризер, продавници, перална и хемиско чистење, Спа и центар за разубавување, изнајмување кола е со доплата. WI-FI интернет конекција секаде низ хотелот е безплатно.

Плажа

Приватна хотелска песочна плажа на 600 метри од хотелот, со бесплатни лежлки и чадори.

Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, Спа центар, осветлувањето на тениските терени и опрема, спортови на вода се доплаќаат.
Дневни анимации и вечерни шоуа. Мини клуб за деца од 3-7 години. Специјално мени за бебиња од 00-02,99 год: бебе телефон, количка за бебе, бебешка подлога, шампон, сунѓер, лосион, затоплувач за шише, влажни марамчиња, детско столче за хранење.... достапни се на барање, сето тоа бесплатно.
Хотелот е реновиран во зима 2023.   

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Side, Adnan Menderes Blv. No:39, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps