Прескокни кон содржината
BARUT B SUITES
Повлечи за повеќе слики

BARUT B SUITES

СидеBed & Breakfast Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 254 апартмани во 6 блока (5 од блоковите се поврзани со коридор од првиот кат, а еден блок е посебен).
Suit rooms (45 m², една спална соба со француски кревет + кујна со дневна соба со 2 софи, едно купатило, со балкон или тераса, макс. 2+2 лица). Сите соби се со балкон или тераса, приватно купатило со туш и фен, клима уред, телефон, паркет, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет.

Услуга

Ноќевање со појадок / Полупансион / Сѐ Вклучено  
Сѐ Вклучено: шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски, торти и колачи, сладолед во одредени часови, вечера и закуска доцна навечер, веганска и безглутенска храна во главниот ресторан, бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци и À la Carte  ресторан навечер со претходна резервација.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан - Palmiye со шведска маса, Terrace & Grill À la Carte ресторан, барови покрај базен, на плажа, лоби бар. Доктор, чување деца, фризер, продавници, перење и хемиско чистење, СПА и центар за убавина, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

Плажа

Приватна хотелска песочна плажа на 250 m од хотелот со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, SPA и Wellness центар, осветлување за тениски терени, спортови на вода се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во текот на вечерта. Мини клуб за деца од 4-12 години. Има специјален Bary Star Baby концепт за бебиња од 00 – 2,99 години: телефон за бебе, количка за бебе, душек за бебе, нокшир, шампон, сунѓер, лосион за бебе, загревач на шише, марамчиња за бебе, високо столче кои се бесплатни на барање.
Хотелот е реновиран во 2022 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Evrenseki Mah, Yeni, Turizm yolu/ 24sk No:4, 07604 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps