Прескокни кон содржината
ASKA LARA RESORT&SPA
Повлечи за повеќе слики

ASKA LARA RESORT&SPA

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Лара, 12 km од аеродромот во Анталија и на 12 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 578 соби.  
Eco rooms (18 m², една спална со француски кревет + кревет на расклопување, едно купатило, без балкон, макс. 2+1 лица).
Standard rooms (20-24 m², една спална со француски кревет + кревет на расклопување или софа, едно купатило, некои од собите имат и француски балкон, макс.3+1 дете).
Family rooms (48-50 m², две спални поврзани со врата, две купатила, макс.4+1 дете+ 1 бебе).
Connection rooms (40-48 m², две спални поврзани со врата, две купатила, макс.4+1 дете +1 бебе).
Сите соби се со купатило со туш кабини, фен, влечки, централна  клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (со вода, сокови и пиво се дополнува секојдневно), електричен бокал со сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон (освен еко собите).

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, закуски рано наутро како и доцна навечер, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени попладневните часови, детско, диететско и вегетаријанско мени во главниот ресторан, бар со закуски на плажа од 10.00-23.30.
Не е вклучено: специјални увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Mozaik - турски, La Perla - италијански, Missina - рибен и Mandarin - кинески ресторан, Steak House- стек ресторан, барови низ целиот хотелски комплекс, Диско клуб.
Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција на територија на хотелот и во собите е бесплатна.

Плажа

Хотелска песочна со ситни камчиња плажа е на 500 m од хотелот (се преминува преку пат). Лежалки на плажа, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз од хотел до плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со девет тобогани, тениски игралишта, турска бања, соба со пареа, сауна, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика,  пикадо, пинг понг, фитнес центар. (Во фитнес центарот, сауната и турската бања не е дозволен влез за деца под 16 години).  
Во цената не е вклучено: спортови на вода, билијард, опрема за тенис и обука, куглање, сите видови на масажа и третмани во Спа центарот, забавен парк.
Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца од 3-12 год. и Texas Town за јуниор група (од 12 до 16 години).

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

ASKA LARA RESORT&SPA

Отвори во Google Maps