
ARMAS BELLA SUN
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумој на 3 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 372 соби.
Standard rooms (29 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет или софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Bunk bed rooms (33 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет и кревети на спрат за децата, едно купатило, макс.3+2 лица).
Large rooms (33 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима уред, телефон, мини бар (обична и минерална вода само при пристигнување), сеф, ламинатен под, сателитски ТВ и музички канали, балкон или француски балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 02:00 часот, сладолед во барот за закуски во одредени часови во денот, бар на плажа од 10:00 - 18:00 часот со безалкохолни пијалаци и пиво.
Не е вклучено: сите видови увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалаци во диско.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI–FI интернет конекција во собите, јавните површини и лоби е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, два тобогана, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата: масажа, SPA & Wellness центар, сите спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови неколку пати во неделата. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Selimiye Mahalesi Bingesik Mevkii/Manavgat/Manavgat Antalya TR, 07330, Türkiye
Отвори во Google Maps