Прескокни кон содржината
ARMAS BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ARMAS BEACH HOTEL

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на градот Кемер на 55 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 160 соби.
Standard rooms (25 m², една спална соба со еден француски кревет, еден единечен кревет и софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Economy rooms without balcony (18 m², една спална соба, едно купатило, лоцирани во дворот на хотелот, без балкон, макс.2 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш и фен, сплит систем за климатизација, ламинатен под, телефон, сеф, мини бар (вода и сокови при пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, балкон во повеќето соби.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска услуга за појадок, доцен појадок, ручек, закуски на плажа, кафе и колачи попладне, вечера, ноќна супадо 24:00 часот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00- 02:00 часот, сладолед во одредени часови.
Не се вклучени: увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte рибен ресторан, снек бар на плажа, лоби бар и слаткарница.
Доктор, чување деца, перење алишта, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI - FI интернет низ целиот хотел е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, два тобогани, турска бања, сауна, пинг-понг.
Со доплата се: масажа, билијард и спортови на вода. Забавна програма во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Yeni, Atatürk Blv. No:21, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps