
KAILA CITY HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Обагол на 3 km од центарот на градот Аланија и 135 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 123 соби.
Standard rooms (28 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).
Large rooms (38 m², една голема спална соба со француски кревет + 2 единечни кревети + софа, едно купатило, макс.4+1 дете).
Family rooms (42 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, сплит систем за климатизација, телефон, мини бар (вода се полни секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, керамички под, WI-FI бесплатна интернет конекција, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневен чај и кафе, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 24.00 часот, сладолед во одредени часови, безалкохолни пијалаци во барот на плажа од 10.00 - 17.30 часот.
Не се вклучени: секаков вид увозни пијалаци, свежи овошни сокови, различни видови на специјално кафе, специјални вина, специјални коктели, услуга во соба, флаширани и во лименка пијалаци.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа.
Доктор, чување деца, перење и пеглање, телефон, факс, интернет катче, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во собите и јавни простории.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 100 m. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Има тунел под патот до плажата.
Спорт и забава
Надворешни базени со детски дел, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода, масажа и велнес центар.
Забавни програми во текот на денот, три пати неделно во вечерните часови шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, игралиште.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Oba, Dadaşlar Cd. No:4, 07460 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps