
BARUT LARA COLLECTION
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 10 km од аеродромот во Анталија и на 12 km од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 467 соби. Главна зграда (10 ката), дел кај градината и дел од лагуната.
Главна зграда: Deluxe rooms (38 – 40 m², една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200), или два единечни кревети (120х200) + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Deluxe rooms direct sea view (48 – 50 m², поглед на море, една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200) или два единечни кревети (120х200) + софа, едно купатило, поголема тераса, макс.2+1 лице).
Corner suit with Jacuzzi & sea view (48 – 50 m², поглед на море, една спална соба со француски кревет (200х200) + софа на развлекување (140х200), едно купатило, поголема тераса со џакузи, макс.2+1 лице).
Designer suit (68 – 70 m², една дневна соба и една спална соба одвоени со лизгачка врата, еден француски кревет (180х200) во спалната соба + едно купатило, поголема тераса со џакузи, макс.3 лица).
Designer suit 360 (55 – 57 m², делумен поглед на море, една поголема спална соба со голем кружен кревет, со дел за седење, едно купатило со кадa, парна бања, поголема тераса со џакузи, макс. 2 лица).
Grand designer suit (106 – 108 m², поглед на море, поголема спална соба и дневна соба, одвоени со лизгачка врата, две купатила, поголема тераса со џакузи, макс. 3 лица) и
2 соби за лица со попреченост.
Penthouse suit main building (106-108 m², поглед на море, една дневна соба, една спална со француски кревет (200х200), купатило, поголема тараса со дел за седење, макс. 3 лица).
Grand Family Penthouse Suit (125-127 m², поглед на море, голема дневна соба, две одвоени спални соби со купатила, гардероба, кујна, макс. 5 лица).
Делот кај градината: Deluxe Garden rom (во делот на градината, со поглед на базен, 34-37 m², една спална соба со француски кревет (200х200) + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Deluxe Garden room swim up (44-48 m², во делот на градината, со поглед на базен, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, поголема тераса со пристап на базен, макс.2+1 лице).
Deluxe Family suit (65-73 m², две спални соби поврзани со врата, две купатила, макс.5 лица). Deluxe Family Suit swim up (90-95 m², во делот на градината, со поглед на базен, две спални соби, две купатила, поголема тераса, пристап на базен, макс.5 лица).
Делот кај лагуната: Deluxe lagoon room (43-47 m², поглед кон градина, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило со туш, макс.2+1 лице).
Deluxe lagoon room swim up (43-47 m², поглед кон градина, една спална соба со два поголеми кревети + софа, едно купатило со туш, поголема тераса со пристап на базен, макс.2+1 лице).
Designer Junior suit (55-58 m², поглед кон градина, една дневна соба со дел за седење и една спална соба со француски кревет + софа, не се одвоени со врата, едно купатило, макс.2+1 лице).
Penthouse Suit with Turkish bath and Jacuzzi (70-74 m², поглед кон градина, една спална соба со француски кревет, едно купатило налик турска бања, поголема тераса со дел за седење и џакузи, макс.2+1 лице).
Сите соби се со електронски систем на заклучување, балкон, купатило, фен, бањарка, влечки, централен или сплит клима уред, телефон, паркетен под, сеф, мини бар, електричен бокал, сет за кафе и чај, машина за кафе со капсули, сателитски ТВ програм, бесплатен WI-FI.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга, шведска маса со појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневна ужина, вечера, вечерна ужина. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација (на деца под 12 години не им е дозволен влез во Akdeniz и во Tirmis ресторани), мини бар во собата (сокови, вода, пиво се дополнуваат секој ден), веганска и безглутенска храна достапна за време на главните оброци.
Не се вклучени: луксузни пијалаци, одредени вина и сите флаширани пијалаци, наргиле, услуга во соба, јастог и специјални вина во À la Carte рестораните, Secret grill À la Carte restoran.
Grand designer suit, Designer suit, Designer suit 360, Corner suit, Designer Junior suit и Penthouse suit концепт:
Приватен check in и check out, бесплатна услуга во соба, секојдневно местење кревети, секојдневна достава на весници, дневно полнење на минибарот со локални и увозни пијалаци (мали шишенца), секојдневно достава на корпа со овошје. Приоритетен влез во À la Carte рестораните, сервис за чистење на чевлите, 20 мин бесплатен пилинг и третман на лице еднаш за време на престој / по соба, при пристигнување пеглање на вечерната тоалета.
Содржини
Главен ресторан Divan со шведска маса, À la Carte ресторани: Kuyu -турски, Kumda Kipri – ресторан со скара, Turunc - интернационален, Sandal – морска храна, Akdeniz - медитерански ресторан наменет само за возрасни, Tirmis Regional - само за возрасни, Pizzeria Di Laura - италијански, Iro - суши бар, слаткарница, Secret Grill –со доплата/ храната е печена, лоби бар, бар крај базенот, места со закуски, ноќен клуб.
Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет е бесплатен низ хотелот.
Плажа
Хотелска песочна плажа, бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.
Приватните павилјони и летниковци се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешен базен, 1 полуолимписки базен, 1 внатрешен базен, 1 внатрешен базен со морска вода, детски базен, 5 тобогана, фитнес центар, сауна, турска бања, 3 тениски игралишта, одбојка на плажа, еден повеќенаменски терен за кошарка, минифудбал и ракомет, пинг понг, сала за вежбање, миниголф, стрелаштво, терен за сквош.
Билијард, ДВД, масажа, СПА центар, козметички салон, спортови на вода се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, специјални вечерни шоу програми, жива музика. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјална програма во текот на денот и мини диско навечер. Специјален бебешки концепт од 00-2,99 години, бебешки телефон, бебешка кола, простирка за бебе, нокширче, сунѓерче, лосион за бебиња, затоплување на бебешко шишенце, бебешки марамчиња (на барање и е бесплатно).
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Güzeloba Mah Yaşar Sobutay Bulvarı No:30, VV44+J6, 07235 Muratpaşa/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps