Прескокни кон содржината
Вила Alexandra
Повлечи за повеќе слики

Вила Alexandra

Каллитеа, ХалкидикиRoom Only

Напомена

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа: ЦЕНА 
ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (недела)

-Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
-Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес –50еур по лице
-Велес (БП Макпетрол-кружен тек) – 50 еур по лице
-Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50 еур по лице
-Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50 еур по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

-Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45 еур по лице
-Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –50 еур по лице
-Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55 еур по лице
-Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
-Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
-Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
-Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште;

 Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција). Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд). Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање. Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време. За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место. Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио. Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата. Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. Превоз: Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови. Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање. Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

Локација

3CFW+W7 Kallithea, Greece

Отвори во Google Maps