Прескокни кон содржината
ANJELIQ DOWNTOWN HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ANJELIQ DOWNTOWN HOTEL

АнталијаBed & Breakfast Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Клеопатра во центарот на градот Аланија и 132 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 70 соби.
Стандардни соби (24 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2 + 1 лица).
Стандардни соби поглед на море со џакузи (24 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, џакузи на тераса, макс.2 лица).
Апартмани (35 m², една голема спална соба со еден француски кревет + два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби (35 m², две спални соби одвоени со врата, во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревети, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, сплит систем за климатизација, телефон, сеф (со доплата), мини бар (со доплата), електричен бокал, сет за чај и кафе, керамички под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга

Ноќевање со појадок или полупансион – шведска маса за појадок и вечера (во пониската сезона можно е да се постави мени), сите други услуги се доплаќаат.
Целата храна и пијалаци на плажа се со доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен.
Со доплата се: Доктор по барање, перална и Хемиско чистење.
WI – FI интернет конекција со доплата.

Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок, на 50 метри од хотелот преку пат.
Лежалки, чадори за сонце се бесплатни.
Крпи за плажа не се достапни.

Спорт и забава

Со доплата се: спортови на вода, турска бања, масажа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kızlar Pınarı, Türkmenbaşı Cd. No:1, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps