Прескокни кон содржината
AMON HOTELS BELEK
Повлечи за повеќе слики

AMON HOTELS BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Кадрије на 25 km од аеродромот во Анталија и 40 km од центарот на градот.

Сместување
Вкупно 313 соби.
Standard rooms (20 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.3 лица).
Relax rooms (20 m², една спална соба, едно купатило, за секој возрасен следува 15 минутна Луксор масажа, макс. 3 лице).
Legend rooms (20-25 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, безалкохолни пијалаци во мини барот при пристигнување, потоа само вода, корпа со овошје и вино на пристигнување, макс. 3 лица).
Red rooms (25 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, корпа со овошје и виски или водка на пристигнување, безалкохолни пијалаци и вода се дополнуваат секој ден, бесплатен сеф, бањарка, влечки, макс. 2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со када и туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се надополнува со вода секој ден), сеф (со доплата), сателитска телевизија и музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекција, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај и кафе, диететска и вегетаријанска храна во главниот ресторан, локални и стандардни алкохолни и безакохолни пијалаци цел ден (24 часа), сладолед во определени часови од денот.
Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, луксузни локални и увозни вина, сите флаширани пијалаци, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата. 

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, бар покрај базен, лоби бар.
Доктор, перење алишта, фризер, продавници, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, на 1500 m од хотелот со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Има превоз до плажа од 08:00 до 19:00 часот.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени (затворени во летната сезона) за возрасни, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.
Масажа, СПА центар за убавина и здравје, сите спортови на вода се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и навечер.
Хотелот е реновиран во 2021 година.
Pet Friendly хотел – до 8 кг. – дозволено само во Relax rooms

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kadriye, Deniz Cd. 119/1, 07525 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps