Прескокни кон содржината
ALEXIUS BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ALEXIUS BEACH HOTEL

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби, на 40 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Има вкупно 125 соби во два блока.
Стандардни соби ( 18-24 м² една соба, купатило, макс. 2 + 1 лица).
Фамилијарни соби (40 - 45 м², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби  имаат сопствено купатило со туш  и фен за коса, сплит систем за климатизација, телефон, мини бар  (со доплата), керамички плочки, сателитска ТВ, музички канали и балкон.

Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневно кафе, вечера, локални алкохолни пијалоци (ракија, џин, водка, пиво, наливно вино) и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 22.00 часот.
Не се вклучени сите останати локални и сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, турско кафе, лименки и енергетски пијалоци, храна по 22.00 часот, пијалоци во Диско клуб.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, бар покрај базенот. Доктор, перење, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, продавници се доплаќаат. WI – FI интернет се наплаќа.

Плажа
Хотелот има приватна плажа на 20 м со камчиња, а лежалките и чадорите се бесплатни. Крпите за плажа се наплаќаат.

Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца. Турска бања само во определено време, пинг понг, одбојка на плажа. Се наплаќаат: спортови на вода, масажа, турска бања.
Забавна програма има неколку пати неделно во текот на денот и вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 – 11 години, игралиште.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Başkomutan, Beldibi, Atatürk Cd. No:77, 07900 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps