Прескокни кон содржината
AKRA SORGUN TUI BLUE SENSATORI
Повлечи за повеќе слики

AKRA SORGUN TUI BLUE SENSATORI

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 4 km од Сиде и 67 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Хотелот се состои од три секции: Област за возрасни, мешана област и фамилијарна област, во тотал 310 соби. 
Мешаната област:
Делукс соби (38 m², лоцирани во главната зграда, една спална соба со француски кревет + еден единечна софа, едно купатило, макс 2+1 лице).
Делукс дупли соби за 4 лица (38 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + 1 софа, едно купатило, поглед кон море, макс 4 лица).
Аголен Апартман (46 m², лоцирани во главната зграда, една спална соба со француски кревет + 1 единечна софа, макс 2 + 1 лице).
Пентхаус со џакузи на терасата (34 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс 2 лица).
Фамилијарна област:
Фамилијарни соби (40 m², две спални одвоени со врата на лизгање, купатило со туш, макс 2+2 лица).
Фамилијарни супериор соби (48 m², две одвоени спали соби, едно купатило, макс 5 лица).
Фамилијарни пентхаус со џакузи на тераса (48 m², две одвоени спали соби, едно купатило, џакузи на балкон, макс 5 лица).
Фамилијарни супериор Swim up rooms (48 m², две одвоени спали соби, две купатила, џакузи на балкон, макс 5 лица).
Фамилијарни соби со директен пристап на базен (40 m², на долниот спрат, директен пристап на базен, едно купатило, макс 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен за коса, бањарка, влечки, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво се дополнува секој ден), сеф, бокал за топла вода, сателитска TV и музички канали, ламинат на подот, чај и кафе, балкон.
Област за возрасни: (само за возрасни +16)
Делукс соби (34 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс 2 лица).
Стандардни соби со џакузи (34 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, џакузи на тераса, макс 2 лица).
Пентхаус со џакузи на тераса (34m², една спална соба, едно купатило, макс 2 лица).
Делукс соба со поглед на море и директен пристап на базен (34m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, макс 2 лица). Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен за коса, бањарка, влечки, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво се дополнува секој ден), сеф, бокал за топла вода, сателитска TV и музички канали, ламинат на подот, чај и кафе, балкон.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина и фен за коса, бањарка, влечки, клима уред, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво се дополнува секој ден), сеф, сателитска TV и музички канали, паркет на подот, чај и кафе, балкон.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено -  24 часовна услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, закуски наутро и попладне, закуски доцна навечер и ран појадок, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, вода, сокови и пиво во мини барот кој се дополнува секој ден. À la Carte ресторани: Saftan, Ocean и Olive со претходна резервација.
Не се вклучени: премиум пијалаци, специјални вина, сите флаширани и конзервирани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба. À la Carte рестораните Aqua Steak и Tarcin се со доплата.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Saftan – турски, Olive - италијански, Ocean - рибен ресторан, Aqua Steak À La Carte, Tarcin Fine Dining, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, хемиско, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, продавници, изнајмување на кола се наплаќаат.
Wi-Fi интернетот е бесплатен во целиот хотелски комплекс. 

Плажа
Хотелска песочна плажа на 260 од хотелот. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни.
Приватните павилјони и кабани се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени и тениска опрема, пинг-понг, одбојка на плажа.
Со доплата се: спортови на вода, осветлување на тениските терени, масажа и центарот за убавина.         
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа или на базен, ноќни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години со специјални активности и програми.                   

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Sorgun, Acısu Mevkii No:12/1, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps