Прескокни кон содржината
AKRA KEMER ( EX KEMER BARUT COLLECTION)
Повлечи за повеќе слики

AKRA KEMER ( EX KEMER BARUT COLLECTION)

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во центатот на Кемер, на 55 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 360 соби.
Супериор соби (24 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Супериор дабл соби (28.5 m², страничен поглед кон море или поглед кон копно, една спална со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Делукс соби со директен поглед на море (30 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Делукс апартман со џакузи (73-86 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа, купатило со туш и џакузи, макс. 4 лица).
Пентхаус апартман (56 m², лоциран на највисокиот кат од хотелот, поглед кон копно, една спална соба, една дневна соба, гардеробер, купатило со туш и два мијалника, два балкона, макс.3+1 лице).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (обична и минерална вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.

Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне услуга во барови со закуски, ран ручек и вечера за деца, вечера, полноќни закуски до 07:00 часот наутро.
Коктел за добредојде, слатки и марамчиња за освежување, сите локални и стандардни увозни алкохолни пијалоци и сокови, свежо цедени сокови во Витамин барот, À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш за време на престојот, детско бифе, веганско и диететско бифе за време на главните оброци.
Не се вклучени: увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, услуга во соба, наргиле.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со турска, италијанска, морска храна и храна од Далечен Исток, бар и ресторан со закуски, бар покрај базен, лоби бар, витамински бар, винска куќа, Jazz & Blues бар.
Не се вклучени: Продавници, фризер, перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, салон за убавина, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри.
Wi-Fi интернет низ хотелот е бесплатен.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња.
Лежалки на плажа, чадори и крпи се бесплатни.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, три тобигана, финтес центар, сауна, турска бања, парна соба, џакузи, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, мини голф, пинг понг.
Не се вклучени: Осветлување за тениските терени и опрема, куглање, билијард, масажи, СПА и центар за убавина, спортови на вода, нуркање, компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, спортски активности, кино, шоу програми навечер. Мини клуб за деца и концепт за бебиња помеѓу 0-2,99 год (бебшки телефон, бебешка кола, бебешка подлога, нокширче, шампон, лосион, апарат за затоплување шишиња.
Хотелот е реновиран во зима 2023 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Yeni, Atatürk Blv. No:24, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps