Прескокни кон содржината
AKKA ANTEDON HOTEL
Повлечи за повеќе слики

AKKA ANTEDON HOTEL

АнталијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 15 km од Кемер, 30 km од центарот на Анталија и 41 km од аеродромот.

Сместување
Собите се распоредени во два главни блока, еден фамилијарен блок и 7 вили.
Хотелот располага со 507 соби.
Делукс соби (30- 45 m²; една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс. 2+2 деца), вклучувајќи 12 конектирани соби и 5 соби за лица со попреченост.
Делукс големи соби (35-45 m², сместени во главната зграда, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + една софа, едно купатило, 3+1 дете).
Делукс Амор suite (42 m²; една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс.2 лица).
Делукс дуплекс соби (47-52 m²; во главна зграда, на горниот кат спална соба со француски кревет, купатило, на долниот кат две софи, купатило ,макс.5+1 дете).
Делукс фамилијарни соби (40-52 m²; во фамилијарниот блок, две спални соби одвоени со врата, една спална со француски кревет, другата спална со две софи, две туш кабини, два мијалници, макс.4 лица + 1 бебе).
Делукс дуплекс suite  (52-63 m²; лоцирани во главна зграда, на горниот кат една спална со француски кревет, едно купатило, на долниот кат две единечни кревети + софа, едно купатило, макс. 5 лица).
Делукс фамилијарни апартмани (35-52 m²; во фамилијарниот блок, една спална со француски кревет, другата спална со два единечни кревети, две туш кабини, два мијалници, макс.4+1 бебе).
Сите соби се со купатило со туш, када, фен, влечки, бањарки, централна климатизација која работи според временските услови, телефон, мини бар (обична и минерална вода, безалкохолни пијалаци и пиво, крекери и бисквити се дополнува секој ден), сет за чај и кафе, сеф, машина за кафе со капсули, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ и музички канали, паркет на подот, балкон.

Услуга
Премиум Ултра Сѐ Вклучено – пијалок за добредојде со турски слатки закуски, крпи за освежување на рецепција по пристигнувањето. Шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, доцна вечера, закуска и ран појадок во Експрес снек до 07.00 часот.
Постои можност да се направи храна за бебиња по родителски рецепт (апарат за загревање на детска храна, стерилизација на шише за бебиња, микробранова, блендер достапни во детскиот ресторан).
Има катче за здрава исхрана подготвена од нутриционист.
Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, топли напитоци, свежо цеден сок од портокал само за време на појадок, фрижидери околу хотелскиот комплекс со вода и безалкохолни пијалаци.
Не е вклучено: премиум пијалаци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалаци, флаширани пијалаци, услуга во соба, специјално мени за торти, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата.

Содржини
Главен ресторан Divan – шведска маса, À la Carte ресторани со Safran – турска кујна, Gulet – рибен ресторан, Olive – италијанска кујна, Pasha - француска кујна, ресторан Ala Meze House (различни турски предјадења и гурманско мени), барови низ целиот хотелски комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се наплаќа.
WI-FI интернет конекција (ниска брзина) во собите, лобито, и јавните површини е бесплатна.

Плажа
Приватна плажа на хотелот со камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.
Павилјоните и кабаните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни.
Се доплаќаат: Wellness & SPA центар, масажа, осветлување на тениски терени, тениска опрема, спортови на вода, билијард.  
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, кино и музика во живо. Мини-клуб за деца од 4 – 16 години организирани од стручен кадар (во групи според возраст), детски базен, игралиште, кино, разни забави.
Хотелот е реновиран во 2023/2024 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Beldibi, 1 Mevkii, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps