
XANADU RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Белек, 40 km од аеродромот во Анталија и 50 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 421 соба во главната зграда и бунгалови.
Стандардни соби во главна зграда (26 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1 лице).
Јуниор апартмани во главна зграда (45 m², една спална соба и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.3 + 1 лице).
Стандардни соби во бунгалов (26 m², една спална соба, едно купатило, поглед на градина, макс.2 + 1 лице).
Фамилијарни соби со 1 купатило во бунгалов (45 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило.4 лица).
Фамилијарни соби со 2 купатила во бунгалов (52 m², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4 + 2лица).
Фамилијарен апартман во бунгалов (63 m², две спални соби, една дневна соба, едно купатило, макс.4 + 2 лица).
Голф апартман (90 m², лоциран на најгорниот кат од главната зграда, две спални соби поврзани со врата, една дневна соба, две купатила, голема тераса, макс. 4+2 лица). Претседателски апартман (164 m², лоцирани на најгорниот кат во главната зграда, две спални соби, голема дневна соба, дел со кујнски елементи, две купатила, голема тераса, макс.6 лица).
Претседателска вила (153 m², лоцирана во градината, два ката, три одвоени спални соби, три купатила, целосно опремена кујна, трпезарија и соба за дневен престој, голема тераса, приватен базен, макс 6 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, када, фен за коса, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци, вода, минерална вода, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски програми, тепих на под, паркет во бунгаловите, балкон, Wi-Fi конекција.
Услуга
High Class сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалаци, шампањ за добредојде во лоби, висококвалитетна услуга во сите ресторани. Целата храна и пијалаци се вклучени во оваа услуга - локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, детско бифе, диететско бифе, вегетаријанско бифе, безглутенски оброци на барање, свежо цедени сокови, сладолед, À la Carte ресторани – Dolce Vita (италијански), Kebab house (турски) се со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: Премиум виски,V.S.O.P. специјални локални и увозни вина, À la Carte ресторани: Uskuna, La Cascada, Els Pescadors, Dragon се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан Ipek Yolu со шведска маса, À la Carte ресторани: La Cascada (француски) Dragon (азиски), Dolce Vita (италијански), Uskuna (рибен ресторан), Els Pescadors (мексикански), Kebab House (турски). À la Carte рестораните имаат посебен ден за резервација за семејства со деца до 12год, барови низ хотелскиот комплекс, ресторан покрај базен и снек ресторан на плажа. Не се вклучени: Доктор, чување деца, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, перална и хемиско. Wi-FI интернет е бесплатнен во целиот хотел и на плажа.
Плажа
Приватна песочна плажа на хотелот. Лежалки, чадори за сонце, крпи на плажа се бесплатни. Има река помеѓу хотелот и плажата и се поминува мост. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, аква парк, турска бања, сауни, парни бањи, џакузи, пет тениски терени, фитнес центар, одбојка, кошарка, одбојка на плажа.
Се доплаќа: масажа, центар за убавина, Shang-Du СПА центар, нега на кожата, спортови на вода, часови за тенис, осветлување на тениските терени, куглање, компјутерски игри, интернет-кафе, терени за голф.
Забава во текот на денот покрај базен и на плажа во вечерните часови убави шоу програми со талентирани шоу групи, музика во живо. Мини клуб Fancy Land за деца од 0-14 години организиран во групи по возраст, луна парк, детско игралиште, детски аква парк, забавен парк. Специјален бебешки пакет за гостите со бебиња.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Belek Turizm Merkezi,, 07506 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps