Прескокни кон содржината
TURTAS CLUB HOTEL
Повлечи за повеќе слики

TURTAS CLUB HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во областа Конакли, 13км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија. 

Сместување

Вкупен број на соби 275 во главната зграда и три анекс згради. 
Стандардни соби (21м², една спална, едно купатило, макс.2+1 лица), 
Фамилијарни соби (24м², една спална со француски кревет + легло, едно купатило, макс.3 лица). 
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, клима сплит систем, телефон, сеф (се наплаќа), мини бар (вода за пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, керамички плочки, балкон. 

Услуга 

Сé е вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, кафе, полноќни закуски, домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, бар на плажа со безалкохолни пијалоци, од 10.00 до 16.30ч, еднаш дневно сладолед за деца во Мини барот. Увозни пијалоци, специјални вина, сите видови на флаширани пијалоци, Турско кафе, свежо цедени сокови, пијалоци во Диско клубот дополнително се наплаќаат. 

Содржини 

Главен ресторан со шведска маса, снек бар и бар покрај базен, лоби бар. Доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, шопинг центар, рент-а-кар дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатна во лоби. 

Плажа

 
Хотелска приватна плажа, со ситни камчиња и песок. Лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкирите на плажа се со депозит. 

Спорт и забава 

Отворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, тениски игралишта. Спортови на вода и масажа, SPA и Wellness центар, мини голф, осветлување на тениски игралишта, билјард, компјутерски игри дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот. Специјални вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Konaklı, Mustafa Kemal Bulvarı No:2, 07490 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps