Прескокни кон содржината
THE SENSE DELUXE HOTEL
Повлечи за повеќе слики

THE SENSE DELUXE HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа на 4 km од Сиде и 65 km од аеродромот во Анталија. 

Сместување 

Вкупно 374 соби во пет блока. 
Стандардна соба: (26 m², една соба со француски кревет + кревет на расклопување, купатило, макс. 2+1 лица). 
Стандардна соба тип 2 (26 m², една соба со дупли кревет + кревет на расклопување, второто дете спие со родителите, нема четврт кревет, едно купатило, макс.2+2 деца). 
Swim up соби (26 m², лоцирани на приземје, една соба со дупли кревет + софа, купатило, макс.2+1лица). 
Јуниор апартмани (37 m², една поголема соба со дупли кревет, софа, купатило, макс.3 лица). 
Дуплекс фамилијарни соби (45 m², две спални соби, долу се единечните кревети, а горе по скалите е отворена галерија, француски кревет, две купатила, макс.4 лица). 
Апартмани (48 m², една голема соба со француски кревет + две софи, едно купатило, макс.3 лица). 
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци и вода на пристигнување, а потоа се надополнува само со вода), електричен бокал, кафе, чај, сеф, LCD ТВ сателитски канали и музички канали. 

Услуга 

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, ноќни закуски, À la Carte ресторани со претходна резервација eднаш во текот на престојот од 7 ноќевања во еден од нив. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00-24.00 часот, сладолед само во одредени саати, снек бар на плажа од 10.00-18.00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, пијалаци во шише и лименка, специјални вина, сите пијалаци по 24.00 часот. 

Содржини 

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Osmanli (турски), Lagos (рибен), La Vitas (италијански), барови низ хотелскиот комплекс. 
Со доплата: се доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола. WI – FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна. 

Плажа 

Хотелска песочна плажа на 200 m од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажа. 

Спорт и забава 

Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, еден базен за возрасни (+16), тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа, билијард. Се наплаќаат: спортови на вода, спа и велнес центар и масажа. Забавни програми во текот на денот. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Bingeşik Mevkii, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps