Прескокни кон содржината
SIDE ZEUGMA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SIDE ZEUGMA HOTEL

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 1 km од Сиде и 63 km од аеродормот во Анталија

Сместување
Вкупно 96 соби во една главна зграда.
Standard Room (25 m², една спална соба, тераса со директен пристап на базен. едно купатило, макс.3 лица).
Swim up Room (35 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица).
Superior Room Sea View (25 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица).
Delux Room With Jacuzzi  (35 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, џакузи, едно купатило, макс.3 лица) и соба за лица со попреченост.
Сите соби се со приватнo купатилo со туш кабина, фен, влечки, клима уред кој работи според временските услови, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се дополнува со вода секој ден), електричен бокал, чај и кафе, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, ноќно бифе, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, храна и пијалаци на плажа.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар и бар покрај базен.
Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција бесплатна само на јавните површини на хотелот.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 200 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава
Отворени базени, турска бања, фитнес центар се бесплатни. Со доплата: сите спортови на вода, масажа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Mediterranean Region Turkey, Side, Özal Cd. No: 19, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps