
SEVEN SEAS HOTEL LIFE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Goynuk на 7 км од Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 288 соби во главна зграда, резиденцијална зграда и бунгалови.
Стандардни Соби во Главна Зграда: (25м², спална соба, купатило, макс.2+1 лице, поглед на море или копно).
Супериор Соби со Поглед на Градина: (31м², лоцирани во главна зграда, спална соба со француски кревет, една соба одделена со параван од останатиот дел од собата, купатило, макс.4 лица).
Стандардни Соби во Бунгалови: (25м², една спална соба, купатило, макс.2+1 лица).
Бунгалов Фамилијарни Соби: (50м², две спални одвоени со врата, купатило, макс.4 лица).
Стандардни Соби: во резиденцијална зграда (37м², спална соба, купатило, само со поглед на градина, нова зграда, макс.2+1 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, телефон во бањата, централна климатизација, телефон, керамички под, сеф , мини бар (безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода и пиво се дополнува секој ден), чај и кафе, сателитска телевизја со музички канали, WI- FI.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, торта, чај и кафе, вечера,полноќна ужина, диетална храна, бар на плажа од 10.00 -24.00, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш завреме на престојот (италијански и турски). Сите локални и некои стандарни увозни алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, топли напитоци, ресторан за деца, сладолед во одредено време.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка специјални вина, свежо овошни сокови, енергетски пијалоци, À la Carte рибен ресторан со доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан во главната зграда, À la Carte ресторани – Breezes (рибен ресторан), Kebap House (турска кујна) и La Gustosa (италијанска кујна), барови во различни делови од хотелскиот комплекс. Шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, услуга во соба, перење и сушење алишта, компјутерски игри, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI низ хотелскиот комплекс и во собите е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна и камчеста. Лежалки, чадори и пешкири без доплата. Павиљоните се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, осветлување на терените, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, теретана.
Се доплаќа: спортови на вода, школа за нуркање, масажа, wellness центар, часови по тенис, опрема за тенис, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и ноќта. Специјални програми за деца во мини клубот за деца, со дел и за бебиња. (бебешки базен 35cm длабок, соба за спиење, дел за родители, игралиште. Отворен дел за забава на деца од 5-16 години (базен длабок 60cm., тобогани, лего коцки, плеј стејшн и компјуер, трамболина, кино за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps