
SEHER KUMKOY STAR HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 4 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 254 соби во два блока.
Стандардни соби (23 m², една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Соби во градина (23 m², лоцирани во зградата која се наоѓа во градината, една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Сите соби се со приватно купатило со бањарка и фен, клима уред, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сеф (со доплата), ламинатен под, WI-FI конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, торта и чај, вечера, закуска доцна навечер, сладолед во одредени часови во денот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци, премиум локални и увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски ресторан, ресторан со морска храна, барови, диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење и хемиско чистење, продавници, изнајмување кола со доплата. WI-FI интернет конекција во лобито и собите е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Секоја промена на крпите за плажа е со доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени (не работи во летна сезона) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениско игралиште, одбојка, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, Wellness центар, осветлување и опрема за тенис, масажа, билијард. Забавни програми – анимации, мини клуб за деца од 6 - 12 години, игралиште и мини диско во вечерните часови. Хотелот е реновиран во 2021 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Ilıca, Kumköy mevkii, 07630 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps