
MONTE CARLO HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Обагол, 1 km од центарот на градот Аланија и 125 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 120 соби во главната зграда и во Анекс зграда. (Анекс зградата е на 70 m од главната зграда, услуга сѐ вклучено ќе биде во главната зграда. Гостите ги користат собите во Анекс само за престој, сите други содржини се заеднички во главната зграда).
Стандардни соби (16 m², една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лице). Сите соби се со сопствено купатило со туш и фен, сплит систем за климатизација, телефон, сеф (со доплата), мини бар (вода при пристигнување), сателитска ТВ и музички канали, керамички или ламинат под, балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, колачи, чај и кафе попладне, локални алкохолни (ракија, џин, вотка, вино, пиво) и безалкохолни пијалаци од 10.00 до 23.30 часот. Барот на плажата е отворен од 10.00 до 19.00 часот, има концентрирани овошни сокови, вода, чај и кафе.
Не е вклучено: увозни пијалаци, флаширани пијалаци, сладолед, храна и пијалаци по 23.30 часот, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед, храна и пијалаци на плажа (освен вода, кафе, чај и концентрат овошни сокови).
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, бар на плажа, лоби бар. Не е вклучено: Доктор на барање, телефон, факс, интернет катче, изнајмување кола. WI-FI интернет во лобито е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња, на 70 - 150 m од хотелот (зависи во кој дел на хотелот ќе престојуваат гостите), се наоѓа преку патот (има тунел под патот). Лежалки и чадори за сонце се бесплатни.
Спорт и забава
Отворен базен, детски базен, еден тобоган, пинг-понг, одбојка на плажа. Не е вклучено: Турска бања, сауна, масажа, билијард и спортови на вода на плажа. Хотелот е реновиран во 2011 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
oba göl mah 10. Sokak No:4, Oba, 10. Sk. No:4, 07460 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps