Прескокни кон содржината
LAGO HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LAGO HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Титрејенгол во близина на море, на 63 км од аеродромот во Анталија и на 7 км од Сиде.

Сместување
Има вкупно 500 соби.
Стандардни соби: (27-31 м², една соба со дупли кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2).
Стандардна лофт соба (23-26 м², се наоѓаат на најгорниот кат, соба со дупли кревет + еден единечен кревет, купатило, макс 2+1 лица).
Стандардни swim up соби (40-43 м², соба со дупли кревет + единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Фамилијарна swim up соби (40-52 м², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Дуплекс фамилијарни соби (50-57 м², долниот кат со дупли кревет + софа, на погорниот кат со два единечни кревети , едно купатило, макс.4 лица).
Фамилијарни соби  (38-42 м², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, бањарки, влечки, VRF клима систем, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, апетисани и чоколади и се дополнува секој ден), сет за чај и кафе, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, сеф, ламинат, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, полноќно и утринско бифе, детско, диететско и вегетаријанско бифе во главниот ресторан, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредено време, снек ресторан на плажа од 10:00 – 16:00 часот.
Локални и стандардни увозни алкохолни пијалоци и безалкохолни пијалоци.
Не е вклучено: премиум алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, пакуван сладолед, сортни вина, услуга во соба, À la carte ресторани само со претходна резервација и со доплата.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (турски, рибен, мексикански, италијански, сите се со доплата), барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се наплаќаат. WI-FI  интернет во целиот хотел е бесплатно.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалките, чадорите за сонце и крпите за плажа се бесплатни. ВИП павилјоните се со претходна резервација и се наплаќаат.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базаени за возрасни и деца, Аква парк со 27 тобогани, фитнес центар, кошарка, турска бања, сауна, парна бања, мини голф, пинг понг се бесплатни.
Со доплата се масажа, Спа центар и центар за здравје, куглање, јавање коњи, тениски игралишта, осветлување на тениски игралишта, опрема, водени спортови, забавен парк, компјутерски игри.
Забава преку ден, натпревари покрај базен или на плажа, специјални програми во вечерните часови, гала вечера. Мини клуб за деца од 4- 12 години со програми преку и во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Sorgun, Titreyengöl Mevkii, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps