Прескокни кон содржината
CLUB MEGA SARAY HOTEL
Повлечи за повеќе слики

CLUB MEGA SARAY HOTEL

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35км од Анталија и 28км од аеродромот. 

Сместување

Вкупен број на соби 500 кои се наоѓаат во главна зграда, клуб област и во Deluxe блок згради. 
Club соби (29m², дел од градина, една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), 
Club фамилијарни соби (45m², страна од градината, дуплекс, мастер спална соба на горниот спрат, како галерија, без врата измеѓу, едно купатило, макс. 2+2 лица), 
Club фамилијарни суит соби (61m², дел од градина, една спална соба со купатило, една дневна соба со две софи, макс. 2+2 лица), 
Стандардна соба во главна зграда (36m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), 
Фамилијарна соба во главна зграда (42m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4лица), 
Deluxe Стандардна соба (44m², нов блок, една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица), 
Deluxe Стандардна swim up соби (52m², една спална соба, едно купатило, директен пристап на базен, макс, 2+1 лице), 
Deluxe Фамилијарни соби (84m², две спални соби со врата која ги поврзува, две купатила, макс. 5 лица), 
Deluxe Фамилијарни swim up соби (100m², две спални соби со врата која ги поврзува, две купатила, директен пристап на базен, макс. 5 лица). 
Сите соби се со балкон или тераса со поглед на море или поглед на градина, приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи во одредени часови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, паркет, керамички или тепих на под, сателитска телевизија и музички канали. 

Услуга 

Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, време за чај, колачи, сладолед, вечера, закуски за време на полноќ, A’la Carte ресторани со претходна резервација (дозволено е два ресторани во текот на една недела), сите локални и некои увозни алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, мини бар со безлкохолни пијалоци кој се дополнува секој втор ден. 
Не е вклучено: Увозни пијалоци од мени листата, премиум пијалоци, сите флаширани пијалоци и специјални вина, свежо сдени сокови. 

Содржини 

Главен ресторан со шведска маса, ресторан и бар на плажа, A’la Carte ресторани: Sofra (Турски), La Prima (Италијански), Red Far East (кујна од Далечен Исток), Grill Corner, El Porto (Мексикански), и Lagos (Рибен ресторан) со претходна резервација. Барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, рент а кар се доплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна. 

Плажа 

Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. 

Спорт и забава 

Надворешни и внатрешни базени, детски базени, relax базен, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, 16 тениски терени, пинг – понг, кошарка, мини фудбал, мини голф, се бесплатни. 
Се доплатуваат осветлување за тениски терени, опрема за тенис и часови по тенис, спортови на вода, SPA 6 Wellness центар, масажа, билијард, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми, мини клуб за деца од 4 – 14 години со различни програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kadriye, Üçkum Tepesi Caddesi 8 /1, 07500 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps