Прескокни кон содржината
CLUB MARCO POLO
Повлечи за повеќе слики

CLUB MARCO POLO

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во чамјува, на 7 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 530 соби сместени во бунгалови.
Клуб стандардни соби (25 м², спална, купатило, макс.2+1).
Супериор соби (25 м², една спална, купатило, макс.2+1). Премиум соби (25м², со поглед на море или кон главниот базен, спална со дел за седење, купатило, макс.2+1).
Фамилијарни соби (35 м², две посебни спални соби – во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, купатило, макс. 4 лица).
Дуплекс (43 м², две спални одвоени со врата, на првиот кат е соба за родителите, а на вториот кат е соба за деца со два единечни кревета, две купатила, макс. 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, сеф, мини бар (се полни секојдневно со вода, сокови и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, плочки на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Премиум Сѐ Вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалоци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, кафе, чај, вечера, закуски доцна навечер, диететско и веганско бифе за време на главните оброци, закуски на плажа, сте локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, À la carte ресторан со претходна резервација и влезница, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со турска, италијанска кујна, рибен ресторан, слаткарсница, лоби бар, барови покрај базен и на плажа.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење алипта, фризер, продавници, изнајмување коли, интернет кафе, компјутерски игри се со доплата.
Wi-Fi интернет е бесплатен во собите и јавните површини.

Плажа
Хотелска плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни.
Со доплата се спортови на вода, осветлување на тениските терени, опрема за тенис, масажи, центар за нуркање, СПА и велнес центар.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер.
Marco клуб за деца помеѓу 4-16 год, поделени во групи според возраст, со разни активности, кино, соби со PlayStation, детски игралишта, базени за деца, мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во целост во 2023 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Club Marco Polo Tatil Köyü, Kuzdere, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps