
BELCONTI RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек, 30км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби во главната зграда 320, во анекс 100 и во вилите 180.
Стандардни соби 514 (макс.2+1 лица),
Фамилијарни соби 44 (макс.2+2 лица, две спални соби и едно купатило),
Супериор соби 18 (макс.2+2 лица, една голема соба раздвоена со параван помеѓу),
Делукс соби 30 (луксузно декорирани соби со ЛЦД ТВ и Џакузи),
Кинг суит соби 2 (со две спални и една дневна и Џакузи),
Вила стандардни соби 180 (макс. 2+1лица).
Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, тепих на подот во главната зграда и во анекс зградата, плочки на под во вилите, мини бар (вода, сокови и пиво на пристигнување, подоцна се дополнува само со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ултра се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, сладолед во поладневните часови, колачи, вечера, полноќна супа, домашни и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-02.00 ч., мини бар во соба( на пристигнување вода, сокови и пиво, подоцна се дополнува само со вода). A’la Carte ресторани со претходна резервација, сите увозни луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, шампањ, флаширани пијалоци, услуга во соба дополнително се наплатуваат.
Содржини
Отворен и затворен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Sultan (Турска кујна), Kantaros (Италијанска кујна), барови околу целиот хотелски комплекс, снек бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, интернет кафе, компјутерски игри, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернетот е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска песочна плажа, лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, кошарка, одбојка, мини голф, немоторизирани водени спортови. Велнес центар, масажа, моторизирани спортови на вода, осветлување на тениски терени, часови и опрема за тенис, билијард дополнително се наплатуваат. Забавни програми со професионален тим, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-11 год. и клуб за тинејџери од 12-16 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, iskele mevkii, 07506 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps