Прескокни кон содржината
AYDINBEY KINGS PALACE AND SPA
Повлечи за повеќе слики

AYDINBEY KINGS PALACE AND SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 15 км од Сиде и Манавгат и 60 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е реновиран во 2021година. 

Сместување

Вкупно 359 соби.
Стандардни соби (26 м², една спална соба и едно купатило, дупли кревет + единечен кревет, макс. 2+1 лице). 
Фамилијарни соби (32 м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.2+2 лица). 
Сите соби се со приватно купатило со када, туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и минерална вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. 

Услуга 

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладне торта, вечера, полноќна закуска, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, пијалок за добредојде, локални и некои увозни алкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови, бар за закуски на плажа од 10:00- 18:00 часот.
Не е вклучено: сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, луксузни увозни пијалоци, наргиле, услуга во соба. 

Содржини 

Главен ресторан, À la Carte ресторани: Ottoman –турска кујна, италијански ресторан, мексикански ресторан, Mediterranean (рибен ресторан), Asia (кујна од Далечниот Исток), скара ресторан, À la Carte појадок, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење алишта, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатно.

Плажа 

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. 

Спорт и забава 

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, три лизглаки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, пинг-понг, гимнастика, одбојка на плажа. 
Се доплаќаат: спортови на вода, билијард и куглање, центар за убавина, СПА центар, масажа. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми, еднаш во 14 дена Гала вечера. Мини клуб за деца од 4-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Evrenseki, 24.Sok No: 6, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps