
AYDINBEY GOLD DREAMS
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Турклер на 25км во Аланија и 110км од аеродромот во Анталија. Хотелот е реновиран 2021
Сместување
Вкупно 345 соби во 2 блока.
Стандардни соби (22 м², 1 спална со француски кревет, еден единечен кревет, и 1 купатило, макс.2+1 лица),
Фамилијарни соби во бунгалови (44 м², 2 спални соби одвоени со врата, 1 купатило, макс.4 лица. 3 соби за лица со попреченост.
Сите соби се опремени со приватно купатило со туш и фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (се дополнува само со вода и минерална вода секој ден), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска закуска и попладневен чај, кафе, торти, полноќни закуски и ран појадок, локални алкохолни и безалкохолни пиајлоци од 10:00 – 16:00 часот, некои увозни алкохолни пијалоци, À la Carte ресторан бесплатно еднаш за време на престојот, пијалоци во диско до 00:00.
Не е вклучено: увозни пијалоци што не се предвидени со концептот ултра сѐ вклучено, премиум пијалоци и специјални вина, сите флаширани пиајлоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, рибен и скара, лоби бар, бар покрај базен и на плажа. Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен во заедничките области на хотелот.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки на плажа и чадори за сонце се бесплатни. Крпи за плажа се со депозит. (Има подземен тунел кој води до плажата).
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, 4 водни тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа. Се доплаќа: спортови на вода, билјард, салони за убавина, масажа и Спа. Дневни и вечерни програми, шоу, Мини клуб за деца од 04 -12 год., мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Türkler Mahallesi, Kargı Çiftliği Sokak, No: 2, 07407 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps