Прескокни кон содржината
ARMAS PEMAR BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

ARMAS PEMAR BEACH RESORT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Кизилот, Сиде. Од аеродромот во Анталија е оддалечен 90 километри, додека од Аланија  40 километри.

Сместување
Хотелот се состои од една главна зграда, на 7 ката, од по 4 блока со по 4 лифтови и 522 соби. Сите соби имаат SAT LCD телевизор, клима, клима, мини бар, чајник, фен за коса.
Стандардните соби се 27м2 и имаат поглед на градина со балкон или тераса. Имаат два посебни кревети и кревет на извлекување.
Де лукс собите имаат површина од 30 м2 и имаат поглед на базен или море со балкон или тераса. Имаат еден брачен кревет и еден посебен кревет.
Фамилијарните соби се 40-70м2 и имаат поглед на градина, базен или море со тераса.

Содржини
Хотелот е отворен во 2004 година, а последен пат е реновиран во 2023 година. Зафаќа површина од 100.000 м2. На гостите им се на располагање неколку базени со лизгалки, главен ресторан, a la carte рестораните, додека Wi-Fi е достапен низ целиот хотел.За деца има два базени како и аква парк и разни анимации.
Со доплата: сервис за перење и пеглање, лекар на повик.

Плажа
Хотелот располага со сопствена плажа  песочно камчеста долга 300 метри. Чадорите, лежалките се бесплатни.

Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек и вечера, ужина во текот на денот и после полноќ, колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот располага со главен ресторан, a la carte ресторани, кафетерија, ресторан на плажа, неколку барови (Snack, Pool, Snack) и дискотека.
Со доплата: a la carte ресторани, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.

Спорт и забава
Гостите имаат на располагање 5 надворешни базени, аква парк, 2 базени за деца, базен за релаксација.За најмладите во склоп на хотелот има два базени, аква парк и вечерна забава за децата.Спа и велнес: турска бања, сауна.
Со доплата: масажи и третмани.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Mevkii, Örenşehir, Tepealtı, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps