Прескокни кон содржината
AMARA COMFORT KEMER EX: LOXIA COMFORT
Повлечи за повеќе слики

AMARA COMFORT KEMER EX: LOXIA COMFORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 6 км од Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 

Вкупно 356 соби во главната зграда и во градината. 
Стандардни соби во главна зграда (22-23 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица). 
Фамилијарни соби во главна зграда (22-35 м², две спални соби одвоени со врата - една со француски кревет, друга со еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 4 лица).
Супериор соби со поглед на море во главна зграда (22-35 м², една голема спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 4 лица).
Стандардни соби во градина (20-23 м², една спална соба со француски кревет + единечен кревет + дополнителен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица). 
Фамилијарни соби во градина (22-35 м², две посебни спални соби, во едната спална има француски кревет, во другата има два единечни кревети или софа, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (само вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, паркет или керамички под и балкон. 

Услуга 

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на целиот ден, попладне колачи, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во текот на денот, свежо цеден сок само за појадок, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот. 
Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и услуга во соба.

Содржини 

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани со турски, италијански и рибен ресторан, бар покрај базенот и на плажа, Диско бар, кафуле, лоби бар. Доктор, чување деца, перална и пеглање, телефон, факс, интернет катче, продавници, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се доплаќа. WI-FI интернет е бесплатен на сите јавни површини, во собите и лобито. 

Плажа 

Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. 

Спорт и забава 

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, игри покрај базен, одбојка на плажа, тениски терени, пинг-понг, гимнастик.
Со доплата: спортови на вода, SPA & Wellness центар, осветлување на тениски терени и опрема. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, специјални програми и шоу со професионален тим во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4- 12 години со програми во текот на денот и навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Сumhuriyet Mah, Ahu Ünal Aysal Cd No:33, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps