
A GOOD LIFE UTOPIA FAMILY RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Окуркалар и е одличен избор за одмор во Аланија. Оддалечен е околу 33 км од Аланија и 95 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 421сместувачки единици. Сите соби имаат бања со када или туш, фен, централна климатизација во зависност од временските услови, телефон со директно бирање, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци), сеф, ламинат, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардни соби (28 м2, спална соба, бања, макс 2 + 1 лица),
Економски соби (28 м2, спална соба со брачен кревет, бања, макс 2 лица),
Фамилијарна соба (46 м2, максимум 4 лица, 2 соби одделени со врата, 1 бања),
Поврзани соби (56 м2, 2 соби одделени со врата, 2 бањи, макс 4 + 2 лица).
Услуга
Ultra All Inclusive на база на отворено бифе - самопослужување, избор на повеќе јадења (шведска маса) за појадок, ручек и вечера, утринска ужина, попладневен чај, кафе и колачи, полноќна ужина, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 24:00 часот, сокови и пиво во Аква парк, Снек бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот, A la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Со доплата: премиум увозни пијалоци, свежо цедени овошни сокови, сладолед, пијалоци во диско-клуб и витамин бар, храна во аква паркот, флаширани и конзервирани пијалоци , услуга во соба.
Содржина
Главен ресторан базиран на шведска маса, A la Carte ресторани (турски отомански, риба Старецот и морето), барови во хотелскиот комплекс.
Со доплата: лекар, чување деца, фризер, перална, интернет, телефон, факс, продавници, rent-a-car.
Плажа
Хотелот има приватна плажа составена од 3 нивоа (камчеста-карпеста плажа на прво ниво, песочна плажа на второ ниво, дрвена платформа од трето ниво) со чадори за сонце и лежалки бесплатно. Крпи за плажа - со депозит. Има лифт кој води до плажата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, аква парк, базен со бранови, тениски терени, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг-понг, фитнес центар, турска бања, сауна, забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни претстави, мини клуб Angel & Happy Pirates за деца од 4 до 12 години, детско игралиште, мини диско навечер, Тинејџерскиот клуб за деца од 13 до 17 години е отворен до 23.00 часот. Со доплата: масажа, SPA & Wellness центар, осветлување за тениски терени, билијард, банџи скокање, вештачки рафтинг, спортови на вода.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Şarburun Caddesi No: 16, 07415 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps