
TITANIC RESORT& AQUA PARK
Локација
Модерниот хотел Titanic Resort & Aquapark се наоѓа во јужниот дел на Хургада. Хотелот е на 3 км од Мемша, 9 км од аеродромот и 16 км од Сакала, стариот центар на Хургада.
Соби
Сите соби имаат бања, ТВ, телефон, фен, клима, сеф, мини бар и тераса. Хотелот нуди промо, стандардни и семејни соби.
Хотелски содржини
Покрај главниот ресторан кој служи интернационални јадења, хотелот Titanic Resort & Aquapark има и 2 a la carte ресторани кои служат јадења на скара и италијанска кујна. Гостите на хотелот можат да ги користат a la carte рестораните на хотелот Аладин (монголски, риби, азиски, италијански) лоцирани преку улицата. На располагање има и 6 барови, од кои некои се покрај базен, во аквапарк, во лоби и на плажа. Достапни се и сервис за перење и пеглање, менувачница, фризер и салон за убавина.
Спорт и забава
Главната атракција на одморалиштето Титаник и хотелот Аквапарк е еден од најголемите водни паркови во Хургада. На површина од 15.000 м2 има 14 лизгалки за возрасни, 16 тобогани за деца и бројни водени атракции како базен со бранови, рафтинг... Хотелот го вклучува главниот базен со површина од 3020 м2 и детски базен со лизгалка, мини клуб, тениско игралиште, игралиште за одбојка на плажа, боче топка, билијард, пикадо и пинг-понг. Гостите можат да се релаксираат во спа центарот каде се достапни сауна, парна бања, амам, џакузи и различни видови масажи. На плажата се застапени многу спортови на вода, како што се сурфање на ветер, змејови, банани, водени велосипеди...
Плажа
Има шатл-автобус до плажата, оддалечена 800 m, кој сообраќа на секои 15 минути според распоредот достапен на рецепцијата на хотелот. Поголемиот дел од песочната плажа има плиток влез во водата, додека во еден дел има корали и во неа може да се влезе преку понтон.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Titanic Resort & Aqua Park, El Geesh - Hurghada Rd, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps