Прескокни кон содржината
TITANIC PALACE & AQUA PARK
Повлечи за повеќе слики

TITANIC PALACE & AQUA PARK

ХургхадаAll Inclusive

Положба 

Хотелот се наоѓа на 17 километри од Хургада и 10 километри од аеродромот и се простира на површина од 102 000 м². 

Сместување 
Вкупно 593 соби, распоредени на 3 спрата, сите имаат балкони со поглед на градина, базен или страничен поглед на море. Стандардни соби (48 м², спална соба со кабина за остава, балкон со поглед на градина, на базен или страничен поглед на море). Супериор соба (55 м², спална со простор за дневен престој, купатило со џакузи, балкон со поглед на градина или базен). Фамилијарни стандардни соби (55 м², една спална соба со дупли кревет и два дополнителни единечни кревети, простор за дневен престој, балкон со поглед на градина, базен или страничен поглед на море). Фамилијарна соба (58 м², две спални соби одвоени со врата, гардеробер, балкон со поглед на градина или базен). Бунгалов соби (48 м², лоцирани во средината на базенот, опкружени со вода, дупли кревет, гардеробер, тераса со пристап до базен, само за возрасни и максимум до 2 лица). Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, сателитска ТВ, мини бар (се полни со сокови и вода секојдневно) 

Услуга 
Се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, закуски во текот на денот, сладолед во одредено време од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторани (индиски, кинески, монголски, мексикански) се бесплатни два пати во текот на престојот со претходна резервација, освен јапонскиот (бесплатен е еднаш во текот на престојот). Не е вклучено: увозни пијалоци, коктели, свежо цедени сокови, услуга во соба, и сѐ друго што не е наведено во концептот е со доплата. 

Содржини 
Два главни ресторана - Cleopatra и Антонио ресторани, и 9 À la carte ресторан ресторани со јапонска, кинеска, индиска, мексиканска, монголска, италијанска, либанска кујна, China Town ресторан и The Grill ресторан, 6 барови во лоби Бар, на базен и плажа, Вејв Диско Бар, Александер бар (со доплата), VIP Lounge, за вип гости. Конференциска сала со капацитет од 400 гости, детско кино во текот на денот и навечер, Спа центар со соби за масажа, соби со сауна, парни бањи, турска бања, џакузи, бесплатен фитнес центар, тениски терени и мини голф. Хотелот поседува базени со вкупна површина од 8000м² - 3 главни базени, од кои еден е загреан и може да се користи во текот на целата година, 8 swim-up базени, 47 приватни базени, како и 5 бунгалови со приватни базени и еден детски базен во близина на плажата. Аква паркот работи од 10 часот наутро до 17 часот попладне и содржи 8 топогани за возрасни, 8 топогани за деца, пиратски брод, 1 река за рафтинг и еден базен со бранови за сурфање. Хотелот организира најразлични програми за возрасни и деца во текот на денот и вечерните часови, во кои може да уживаат гостите.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Titanic Palace, Sahl Hashish Road, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps