
THE V LUXURY RESORT - SAHL HASHEESH
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Сахл Хашиш, на 31 км од центарот на Хургада и на 24 км од аеродромот.
Сместување
Хотелот располага со 301 соба. Сите соби имаат бања со туш, фен, LED TV, клима, телефон, мини бар (секојдневно се полни со вода, и два пати неделно со сокови, чипс и чоколадо), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, балкон или тераса, Wi-Fi интернет.
Superior room 40 m², поглед кон градина, базен или море, 2+1 дете.
Deluxe room 44 m², поглед кон градина, базен, делумен или директен поглед кон море, макс. 3 лица.
Deluxe swim up room 44 m², само за возрасни, директен пристап до базен, макс. 3 лица.
Family suite 55 m² + 20 m² балкон, на повисоките катови во хотелот.
The V panoramic suite 57 m², поглед на море, спална со француски кревет, макс. 2 лица.
Penthouse suite sea view 72 m² + 25 m² балкон, 2 спални соби на две нивоа, дневна соба со трпезариска маса, голема тераса, поглед на море и базен, макс. 6 лица.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар покрај базен, кафетерија, а la carte ресторани со бразилска храна и бар на плажа, разни барови низ хотелскиот комплекс.
Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот и собите.
Со доплата: доктор, чување деца, хемиско чистење, салон за убавина, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон.
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца, аква парк за возрасни и деца, активности покрај базен и на плажа, теретана, аеробик, зумба, јога, одбојка на плажа, ватерполо. Забани програми во текот на денот, шоу програми навечер и настапи во живо, детски клуб со детски активности, мини диско.
Со доплата: сауна, турска бања, масажи и третмани во спа центарот, спортови на вода, нуркање, кабани со џакузи покрај базен, билијард.
Напомена: Гостите може да го користат аква паркот, рестораните и баровите во соседниот хотел Pyramisa Beach Resort.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек вечера, доцна вечера, полноќно бифе помеѓу 01:00-05:00 часот,закуски во текот на денот, појадок во Picana барот на плажа со свежо цедени сокови и кроасани, диететско и вегетаријанско мени во Angels and Demons, брза храна, десерти, кафетерија, бар покрај базен, бар во лоби, Sky Bar, флаширана вода, свежо цедени сокови, премиум локални алкохолни пијалаци, органско овошје и зеленчук, закуски во бар на плажа, сладолед во одредено време, коктели, кафе и чај.
Со доплата: увозни и премиум пијалаци, флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, наргиле, услуга во соба.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа долга 900 m, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири за плажа.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
The V Luxury Resort Sahl Hasheesh, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps