Прескокни кон содржината
STELLA DI MARE GARDEN RESORT & SPA
Повлечи за повеќе слики

STELLA DI MARE GARDEN RESORT & SPA

Макади БаиAll Inclusive

Плажа 

Хотелот ја користи песочната плажа на хотелот ,,Stella Di Mare Beach Resort & Spa 5*”, која е оддалечена на околу 450м , а од рецепцијата е околу 850м. Има бесплатен шатл-бус до плажата. Влезот во вода е песочен и корален, водата се повлекува зависно од плимата, има платформа со која имате пристап кон подлабоките води. Коралниот гребен е погоден за љубителите на подводниот свет и на нуркањето. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни. 

Содржини 
Хотелски капацитети: Главен ресторан, повеќе ресторани (вклучувајќи и A la Carte ресторани: ,,Taj Mahal”- индиски ресторан, ,,Casa Mia” – италијански ресторан, ,, Layali Beirut” – либански ресторан, ,,Royal Wok”- кинески ресторан) и барови, отворена тераса, лоби бар, тераса бар, бар на плажа, 5 базени на отворено за возрасни и 2 базени за деца, базени со вештачки бранови, детско игралиште, велнес и спа центар , детски клуб, тениско игралиште, билијард.Wi-Fi интернет конекција на јавните површини – рецепција. Сите гости имаат вклучено во цената Late Check Out и користење на All inclusive услуга до 15 часот од последниот ден на престој. 

Локација 
Хотелот се наоѓа во заливот Макади, на околу 30 км од меѓународниот аеродром. 

Услуга
All inclusive концепт на изхрана. Главен ресторан (Blue Pharaoh Restaurant): служи широк спектар на меѓународна храна. Појадок, ручек и вечера - шведска маса. Забелешка: Доцна вечера на барање за доцно пристигнување и доцни екскурзии 

Спорт и рекреација 
8 надворешни базени, вклучувајќи и детски базен, спа центар, теретана, сауна, фитнес центар, хидромасажна када, масажа, мини клуб за деца, одбојка на плажа, терен за тенис, мини голф, билијард, дискотека.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Stella Gardens Resort & Spa Makadi Bay, Makadi Bay, Hurghada, Egypt

Отвори во Google Maps