Прескокни кон содржината
STEIGENBERGER EL GOUNA GOLF RESORT
Повлечи за повеќе слики

STEIGENBERGER EL GOUNA GOLF RESORT

Ел ГунаBed & Breakfast

Положба

Хотелот се наоѓа во Ел Гуна, на околу 38 км од аеродромот во Хургада.

Сместување

Вкупно 268 соби, распоредени во повеќе објекти на 2 и 3 ката, изградени во нубиски стил.
Standard rooms (54 m², поглед кон градина, макс.2+1).
Superior rooms (54 m², поглед кон голф терените, базен или лагуна, макс.2+1).
Family rooms (72 m², поглед кон градина, базен или лагуна, макс. 2+2).
Junior suite (72 m², поглед кон голф терените или лагуна, макс. 2+2).
Suites (128 m², поглед кон градина, базен или лагуна, макс.3+1).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сателитска ТВ, телефон, сеф, мини бар (со доплата), флаширана вода, сет за правење кафе и чај, бањарки, балкон или тераса.
Wi-Fi интернет во собите е достапен со доплата.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне кафе, чај и колачи, закуски во текот на денот, сладолед, бар на плажа, во лоби и лагуна тераса, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, локални коктели.
Со доплата се увозни пијалаци, флаширани пијалаци, лименки, пијалаци после полноќ, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, мини бар, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторан, тераса со поглед кон лагуната, барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор на повик, чување деца, изнајмување кола, телефон, факс, продавници, перење алишта, хемиско чистење, и сѐ останато што не е наведено во  концептот.
Wi-Fi интернет е бесплатен на јавните места во хотелот (ресторан, лоби, рецепција).

Плажа

Хотелот има сопствена лагуна, а гостите бесплатно може да ја користат плажата и на Club Paradiso Beach.
Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца (загреани во зима), одбојка, пинг понг, пикадо, билијард, мини фудбал, стрелаштво, тенис и сквош.
Со доплата се масажи и третмани во СПА центар, сауна, џакузи, користење на голф терените и опрема, спортови на вода, нуркање.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Steigenberger Golf Resort El Gouna, Golf Island, Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps