
STEIGENBERGER AL DAU
Положба
Хотелот се наоѓа во Ел Мамша во Хургада, на 7 км од центарот Сакала и 3 км од аеродромот во Хургада.
Сместување
Собите се двокреветни (два единечни кревети или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет). Стандардни соби Фамилијарни Делукс соба Собите се двокреветни (двоен или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнителен кревет). Собите имаат купатило (када или туш), клима уред, сателитска ТВ, мини бар (со доплата), сеф, апарат за чај и кафе, фен, балкон/тераса, телефон. Делукс собите се луксузно опремени и пространи. Семејните соби се опремени како луксузни соби, но се малку поголеми.
Услуга
Се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера. Поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, наместо шведска маса, се служи мени, кое не влијае на квалитетот на услуга.
Содржини
Хотелот располага со голем број ресторани и барови. Главен ресторан за шведска маса со меѓународна кујна Tamarind Restaurant, Bwala ресторан покрај базенот, Tanga ресторан на плажа и други, бесплатен Wi-Fi интернет на јавни места. Со доплата СПА центар, сауна , масажи, услуга во соба, интернет кафе, банка, фризер, лекарски услуги, продавници, топчиња за голф итн.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа долга 400 метри. Еден дел е со корали и е погоден за љубителите на подводниот свет, а поголемиот дел е простор за капење, со лежалки и чадори бесплатно.
Спорт и забава
Базени за деца и возрасни, базен со солена вода, детски клуб, фитнес центар, теретана, џакузи, нуркачки клуб и аква центар, терени за голф, сурфање на ветер, скијање на вода, дневна и вечерна програма и забава. Гостите со платена Сѐ Вклучено услуга можат бесплатно да го користат аква паркот во Steigenberger Aqua Magic, лоциран преку улицата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Steigenberger Al Dau Beach Hotel, Youssef Affifi Rd, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps