
SHERATON MIRAMAR EL GOUNA
Локација
Комплексот Sheraton Miramar Resort се наоѓа на околу 2 км од центарот на El Gouna, 1 км од марината и голф терените и на околу 27 км од аеродромот во Хургада. Изграден во живописен арапски, египетски и нубиски стил, сместен на 9 острови со убаво уредени градини претставува уникатна комбинација на природата и модерното. Хотелскиот комплекс е идеално место за одмор, релаксација, забава, меден месец и престој со деца. Ексклузивен, огромен хотелски комплекс во стилот на ориентална населба, дизајниран од светски познатиот архитект Мајкл Гравс. Посебна атракција е лоби бар и рецепцијата, каде што гостите најпрво се сретнуваат со уникатниот, но исто така и модерен стил на Miramar.
Сместување
Комплексот има повеќе од 340 соби кои се пространи, удобни и имаат поглед на море, лагуна или градина. Сите соби имаат туш или када, фен, клима уред, бежичен интернет (со доплата), сателитска ТВ, телефон, дигитален сеф, мини бар (користење со доплата). Семејните соби се поврзани со врата (со доплата). Собите се за непушачи и има неколку соби за луѓе со посебни потреби.
Хотелски содржини
Хотелот има 2 базени за возрасни (1 базен се грее), 3 базени за деца, неколку ресторани и барови, диско, бар на бродот Samir 2 Coconut, Grove бар и клуб за деца. Со доплата: интернет клуб, фризерски салон, спортски терени, казино, голем спа центар, чување на деца на барање, менувачница, rent-a-car, центар за нуркање и аква центар, фитнес сала и теретана, сауна и масажа. Гостите на хотелот можат да ја користат “Dine around” услугата еднаш за време на престој да користат одреден оброк во еден од другите хотели со 5* во Ел Гона, со претходна резервација.
Плажа
Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа, која се состои од неколку лагуни. Еден помал дел е со корални гребени кои привлекуваат голем број вљубеници во подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни долати.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Sheraton Miramar Resort El Gouna, Red Sea, Hurghada 2, Egypt
Отвори во Google Maps