Прескокни кон содржината
SERRY BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

SERRY BEACH RESORT

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот лоциран во Мемша, на брегот, отворен е во 2023 година и се наоѓа на 5 км од аеродромот. 

Содржини
Различни ресторани и барови се достапни за гостите, во комплексот се наоѓа и Souk by Serry Beach Resort – трговски центар со бројни продавници, ресторани и кафулиња. Хотелот има своја плажа долга 400 метри со постепен влез во морето. Употребата на чадори за сонце и лежалки се бесплатни за гостите во хотелот. Хотелот нуди базен со површина од 1.275м2, 168м2 детски базен, дневна и вечерна забава, Wi-Fi интернет, аква парк, тенис, фудбал, одбојка. Во понудата има голем избор на дневни и вечерни активности, разни спортови на земја и вода, за деца има детски клуб, тајна градина, кино на отворено, мини диско, зона за игра. Гостите можат да го користат и Аква паркот на соседниот хотел Синдбад клуб лоциран преку улицата. 

Соби
Има вкупно 453 сместувачки единици. Делукс соби со поглед на градина се 40м2, имаат 2 брачни кревети или 1 брачен кревет и 2 посебни единечни кревети. Во собата може да се сместат двајца возрасни и едно дете. Делукс семејните соби се со површина од околу 50м2, имаат голем брачен кревет или две посебни единечни кревети и софа кревет. Во собата може да се сместат двајца возрасни и две деца, или тројца возрасни и 1 дете. Собите имаат поглед на градината. Сите соби се опремени со: LCD телевизор, сеф, клима, мини бар, безжичен интернет, фен, тераса или балкон. Бањите имаат туш кабина. Во цената е вклучен и мини барот вклучувајќи алкохолни и безалкохолни пијалоци од домашно производство. 

Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive – појадок, ручек и вечера (самопослужување – избор повеќе оброци според правилата на хотелот). Концептот вклучува и закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. На гостите им се достапни неколку различни ресторани. Главниот ресторан Софра, во кој има 6 станици за подготовка на храна кои се подготвуваат на лице место. До главниот ресторан Хотелот има азиски ресторан, Keif Fusion Bar, кој исто така служи суши, и арапски ресторан, Dar Mezza Салон, Nur Beach Club само за возрасни. Овошјето и зеленчукот се служат со оброците органски, директно од градината на хотелот.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Serry Beach Resort, Touristic Villages, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps