
SERENITY FUN CITY
Положба
Хотелот се наоѓа во заливот Макади на 36 км од аеродромот, а од центарот на Хургада 41 км.
Сместување
Вкупно 515 соби. Стандардни соби со поглед кон градина (35 м², спална соба, купатило, мак.2+1). Делукс соби со поглед на базен (35 м², спална соба, купатило, мак.2+1, кошница со овошје на пристигнување, бањарка, влечки, во близина на базенот и аква паркот). Поврзувачки фамилијарни соби (55 м², две спални соби одвоени со врата, поглед кон градина или базен, купатило, макс. 3+2). Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, мини бар (со доплата), сеф, сет за чај и кафе, шише вода секој ден, пегла и даска за пеглање (бесплатно, на барање), балкон или тераса.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, безглутенска или вегетаријанска храна се достапни на барање, закуски во текот на денот (сендвичи, пица, бургери), сладолед во одредено време, лоби бар, во бар покрај базен и на плажа, кафе, чај, колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата се увозни и премиум пијалоци, пијалоци во лименка или шише, наргиле, À la carte ресторани Al Dente (италијански), Sayonara (јапонски), Andalucia (ориентален) се со претходна резервација и со доплата, English Pub, дискотека во Serenity Makadi Beach, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со италијанска, јапонска и ориентална кујна, барови низ хотелскиот комплекс. Со доплата се доктор на барање, перење и хемиско чистење, аптека, продавници, изнајмување кола, телефон. Wi-Fi интернет е бесплатен во лоби.
Плажа
Гостите од хотелот ја користат плажата на Serenity Makadi Beach, која се наоѓа на околу 600 м од хотелот. Има бесплатен превоз секој ден на 15 мин, почнувајќи од 09 часот па до зајдисонце. Лежалките, чадорите и крпите се бесплатни за користење. Дел од плажата има природен корален гребен, има платформа долга 40м и се препорачуваат обувки за во вода.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, аква парк со 26 тобогана, одбојка на плажа, тениски терени, теретана. Со доплата се луна парк, сауна, парна бања, турска бања, џакузи, масажи и третмани во СПА центар, опрема за тенис и осветлување на терените, спортови на вода, нуркање, 6D кино, соба со игри. Со Serenity Makadi Beach ги делат тениските терени, СПА центарот, салонот за убавина и теретаната. Забавни програми во текот на денот, и шоу програми навечер, тематски вечери. Клуб за деца помеѓу 5-12 години, мини диско навечер, детско игралипте, разни активности.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Serenity Fun City Resort, Hurghada 1, Egypt
Отвори во Google Maps