Прескокни кон содржината
SEA STAR BEAURIVAGE RESORT
Повлечи за повеќе слики

SEA STAR BEAURIVAGE RESORT

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Одалечен на 2 км од страиот дел на Хургада - Ел Дахар и 9 км од центарот на Хургада. Од аеродромот одлачен е 10 км. 

Сместување
Располага со 239 соби, сите опремени со купатило, фен, ТВ, телефон, клима, фрижидер, балкон или тераса. Хотелски содржини: Покрај главниот ресторан, хотелот располага со уште 3 A la carte ресторани (инталијански, морски и грил) повеќе барови (панорамски, покрај базен и на плажа), дискотека, менувачница, банкомат, сеф на рецепција, сервис за перење, продавници, фризерски и козметички салон како и интернет центар. 

Спорт и забава
Гостите на хотелот на располагање имаат 3 надворешни базени, билјард, одбојка на песок, гњурачки клуб, мини голф, терени за сковш, пинг понг, пикадо. Во состав на спа ценатрот има парна бања, сауна, џакузи, простории за масажа. За најмалите гости на располагање се детски базен, мини клуб и мини диско. Професионален тим на аниматори е задолжен за дневна и вечерна анимација за возрасните и децата. 

Плажа
Хотелот се наоѓа на песочна плажа и дел на кој е изграден понтонски мост кој води до корален гребен.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Sea Star Beau Rivage Resort Hurghada, 84511، Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps