Прескокни кон содржината
POSH CLUB-SUNRISE GRAND SELECT CRYSTAL BAY RESORT
Повлечи за повеќе слики

POSH CLUB-SUNRISE GRAND SELECT CRYSTAL BAY RESORT

ХургхадаUltra All Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа на 19 km од центарот на Хургада и на околу 15 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 364 соби.
Superior rooms (35 m², поглед кон градина, базен или делумен поглед на море, на најгорниот кат од хотелот).
Deluxe rooms (42 m², поглед кон градина, базен, делумен или целосен поглед кон море).
Deluxe swim up (50 m², директен пристап до базен).
Junior Suite (44 m², поглед кон море, една спална соба и една дневна соба со софа).
Junior swim up suite (44 m², делумен поглед на море, спална соба, дневна соба со софа, тераса со директен пристап до базен).
Junior suite beach front (44 m², делумен поглед на море, спална соба, дневна соба со софа, тераса со пристап до приватна градина).
Family Suite (44 m², делумен поглед кон море, спална соба, дневна соба со две софи).
Family swim up suite (54m², поглед кон море, спална соба, дневна соба со две софи, тераса со директен пристап до базен).
Executive Jacuzzi suite (90 m², поглед кон море, спална соба, дневна соба, гардеробер, балкон со џакузи).
Crystal Jacuzzi suite (120 m², две спални соби, две купатила, два гардеробера, дневна соба, балкон со џакузи).
Pool suite (95 m две спални соби, две купатила, гардеробер, дневна соба, балкон со базен).
Jacuzzi suite (100 m², поглед кон море, две спални со балкон, две купатила, гардеробер, дневна соба, џакузи).
Presidential suite (123 m², со поглед на градина).
Royal Suite (123 m², со поглед на море).
Соби за лица со попреченост (42 m², поглед кон градина, спална, дневна соба, гардеробер).
Сите соби имаат приватно купатило со туш или када, фен, бањарка, влечки, телефон, сеф, мини бар, клима, електричен бокал, сет за кафе и чај, пегла и даска за пеглање (на барање), Wi-Fi интернет, тераса / балкон.

Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, детско катче во главниот ресторан, попладне кафе, чај и колачи, закуски во текот на денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до полноќ, локални коктели, À la carte ресторани (медитеранска, индиска, египетска, турска скара, грчка), бар на плажа и покрај базен, лоби бар. Со доплата се увозни пијалаци, флаширани пијалаци, лименки, храна и пијалаци после полноќ, мини бар, услуга во соба, наргиле, À la carte ресторан со морска храна, Cocktail Bar & Lounge, Alf Leila Shisha Café, Royal Club Lounge.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (медитеранска, индиска, египетска кујна, грчка, турска скара, морска храна), повеќе барови низ хотелскиот комплекс. Во некои барови не е дозволен влез на лица под 16 години, а некои барови се само за членовите на Posh Club.
Со доплата се доктор на повик, чување деца, перење и пеглање алишта, телефон, фризер, продавници, лимузина, салон за убавина. Wi-Fi интернет е бесплатен низ ресортот.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, долга околу 300 m. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца (загреани во зима), џакузи базен, сауна, парна бања, аква аеробик, натпревари, ватерполо, фудбалски терен, тениски терени, пинг понг, пикадо, бока, аеробик, јога, таи чи, медитација, билијард.
Со доплата се сите спортови на вода, нуркање, аква центар, брод, масажи и третмани во СПА центарот, џакузи, салон за убавина.
Забавни програми во текот на денот и навечер, музика во живо, забава со ДЈ. Клуб за деца, детско игралиште, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

SUNRISE Crystal Bay Resort, Hurghada - Safaga Road, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps