Прескокни кон содржината
PICKALBATROS WATER VALLEY RESORT - NEVERLAND HURGHADA
Повлечи за повеќе слики

PICKALBATROS WATER VALLEY RESORT - NEVERLAND HURGHADA

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Хургада, на околу 17 км од центарот и на околу 13 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 150  соби. Сите соби имаат балкон или тераса, клима, САТ LCD телевизор, сеф, фен, Wi-Fi интернет.Сите соби се од премиум семејна соба и имаат две спални соби, две бањи, две тераси и дневна соба.
Хотелот е отворен во септември 2022 година Се наоѓа позади хотелот Дана Бич до кој има редовен шатл-автобус. Хотелот припаѓа на групата хотели Neverland, и дели аква парк, ресторани и барови со другите два хотела (Jungle Aqua Park, Alf Leila Wa Leila). На гостите им е на располагање голем избор на содржини - базени, аква парк со над 42 лизгалки, барови, ресторани, вечерна забава и разни спортски терени.
Со доплата: услуга во соба, телефон, мини бар.

Содржини

Хотелот има аптека, лекар, сервис за перење и пеглање, продавници, сала за состаноци. Хотелот има 8 базени, аква парк со 42 различни лизгалки, аеробик, одбојка на плажа, две фудбалски игралишта, две тениски игралишта, терен за разни спортови, пинг понг, мини голф.
Со доплата: спортови на вода, опрема и осветлување за терени, билијард,масажи, џакузи, сауна, парна бања, турска бања, салон за убавина, фризерски салон.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено појадок, ручек и вечера. Концептот вклучува закуски, сладолед и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Хотелот нуди голем број ресторани - Tagine (мароканска кујна), Zum Kaiser (германска кујна), Le Marche (кујни од целиот свет), L'Asiatique (ресторан за азиска кујна), Alfredo и Soprano (италијанска кујна), индиски ресторан Таџ и ресторан за брза храна Rockin Burgers. Хотелот нуди и бројни барови (Џунгла, Лоби, Плажа, Џез, Колумбус, Орањ...).
Со доплата: свежо цедени сокови, наргиле, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа, која е оддалечена околу 900 метри и до која редовно сообраќа шатл-автобус. Еден помал дел е со корален гребен, поголемиот дел е убаво уреден простор за капење со постепен влез во морето. Гостите можат да користат чадори и лежалки бесплатно.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Pickalbatros Water Valley Resort - Neverland Hurghada, Hurghada - Safaga Road, Hurghada 1, Egypt

Отвори во Google Maps